fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните...

Се реактуелизира рускиот дезинфо наратив за постоење лаборатории за биолошко оружје во Украина

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд од март 2022 година, дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина. Нуланд тогаш пред Сенатот на САД кажа дека Украина има подлога за биолошко истражување, додавајќи дека е загрижена дека руските воени сили настојуваат да ги заземат...

СЗО не планира да имплементира „договор за пандемија“ и да го одземе суверенитетот на земјите-членки

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува меѓународен договор, кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се...

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...

СЗО не го забранило земјоделството ширум светот

Во објавата невистинито се тврди дека Светската здравствена организација под превезот на глобалното затоплување ќе забрани земјоделие, месо и млечни производи за да се изгладнуваат луѓето и да се намали светската популација, Но, кога ќе се прочита декларацијата која ја имаат потпишано повеќе од 130 држави, меѓу кои и Северна Македонија, се доаѓа до заклучокот дека тоа кон што...

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за која здравствените експерти сметаат...

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации или преку одделени средства...

ХПВ вакцините се безбедни, не содржат опасни дози на алуминиум

Вакцината против ХПВ е тестирана, безбедна, ефикасна, со поволен безбедносен профил и се препорачува од страна на СЗО во редовниот имунолошки календар. Овие вакцини содржат алуминиум, ама не во опасни дози. Количеството на алуминиум во ХПВ вакцината Гардасил е контролирано од страна на американската Агенција за храна и лекови, која има утврдено дека станува збор за незначително количество кое не...

Смртните случаи од сипаници зголемени за 43 проценти во споредба со 2021 година

Заедничката публикација на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на Соединетите Американски Држави, објавена вчера, лоцира алармантен пораст на случаите на сипаници, епидемии и смртни случаи во 2022 година. Случаите на сипаници се зголемиле за 18 проценти и изнесуваат 9 милиони случаи, додека смртните случаи се зголемиле за 43 проценти (136.200) во споредба...

СЗО: Главната болица во Газа наликува на гробница

Состојбата во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, продолжува да се влошува. Нема доволно медицинска опрема, струја и вода. Израелските одбранбени сили ја имаат опкружено болницата и строго контролираат влез и излез од болницата, бидејќи тврдат дека под неа се наоѓа клучна оперативна база на Хамас, известува Би-би-си. Доктор кој работи во Ал-Шифа за Би-би-си вели дека ситуацијата во...

Над 420.000 луѓе имаат висок крвен притисок, многумина не ја земаат потребната терапија

Лошиот стил на живот, односно дебелината, неактивноста и загадениот воздух, се само некои од ризик факторите кои придонесуваат за појава на хипертензија (висок крвен притисок). Официјална статистика за точниот број на лица со оваа дијагноза во земјава нема, но интернисти и кардиолози тврдат дека бројката расте, а се забележува и намалување на старосната граница. Иако официјални бројки нема, Министерството за...

СЗО нема никаква врска со поместување на часовниците, ниту пак, e избркана од Русија

Наспроти тврдењето во објавата, промената на сметањето на времето од зимско во летно не е поврзана со Светската здравствена организација, туку секоја земја во светот самата одлучува за тоа. Неточно е и тврдењето дека СЗО била протерана од Русија, СЗО сè уште работи со двете свои канцеларии во Русија. Исто така, Русија се префрли на постојано зимско сметање на времето...

Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација

Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан. Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи. Поради сето ова, тешко се...

Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата

Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната...

Ханс Клуге: С. Македонија успешно го унапреди примарното здравство

С. Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Вашата држава е успешен пример кога станува збор за унапредувањето на примарната здравствена заштита. Ова денеска го изјави д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, на сесијата на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, кој се одржува од...

Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа...

Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не постојат, дека се вештачки...

СЗО го опиша аспартамот како можен причинител за рак

Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), Светската здравствена организација (СЗО) и Заедничкиот експертски комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA), објавија проценка на влијанието на здравјето на засладувачот аспартам. Аспартамот кој се користи во низа производи, од диетални газирани пијалоци, до гуми за џвакање, овој месец ќе биде прв пат опишан како „можен канцероген за луѓето“, пренесе...

СЗО: Половина од македонските граѓани пушат во просек по 18 цигари на ден

Најновите истражувања, кои беа презентирани денеска, повторно го потврдија фактот дека С. Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на Светската здравствена организација. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70 отсто од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден...

Светски ден на здравјето: 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат за неколку години

За неколку години, 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат. Се соочуваме со кризна состојба во иднина, па затоа треба да ги подобриме условите за здравствените работници, да им се зголемат платите, условите за работа. Оти ако не им се допаѓаат условите, тие си заминуваат и тоа во Северна Македонија се случува. Освен тоа, 70 отсто од пациентите...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...