сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: државјанство | 35 резултати

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

јануари 24, 2024

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, […]

Во иднина побрзо до германски пасош, усвоени нови законски измени

јануари 19, 2024

Во Германија луѓето кои немаат германско државјанство во иднина ќе можат побрзо да се натурализираат и притоа да го задржат својот странски пасош. Бундестагот ја усвои соодветната реформа на законот, јави германската агенција ДПА. Денеска за измените на законот за државјанство гласале 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23. Реформата првенствено беше поддржана од […]

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

јануари 12, 2024

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи […]

Путин му даде руско државјанство на воениот злосторник Ратко Самац

јануари 10, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин неделава го потпиша указот за доделување руско државјанство на поранешниот војник на босанските Срби Ратко Самац, кој е обвинет за воени злосторства во 1990-те години, пишува Политико. Ратко Самац, поранешен офицер во Југословенската народна армија, се бара во Босна и Херцеговина под обвинение за воени злосторства поврзани со протерувањето на несрпските […]

Со Преспанскиот договор не е изгубен терминот Македонец

октомври 5, 2023

Со Преспанскиот договор не постои никаква националност „граѓани на Северна Македонија“, како што се тврди во објавата која ја анализираме. Државјанството е Македонско/граѓани на Северна Македонија, а националноста е Македонец. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на мрежата Фејсбук, која […]

Се донесоа последните нужни законски измени за решавање на бездржавјанството

октомври 4, 2023

Собранието вчера ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање на бездржавјанството. Во рамки на 125. пленарна седница беа донесени измените и дополнувањата на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и на Законот за личната карта. Од УНХЦР, […]

Од денеска уверение за државјанство ќе може да се вади и во електронска форма

мај 16, 2023

Македонските граѓани од денеска ќе можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни дека барањето за уверение за државјанство се поднесува во електронска форма, во лично име или за своето малолетно дете, а услугата е достапна на сајтот www.uslugi.gov.mk, во лични […]

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

ноември 25, 2022

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, […]

Спасовски: МВР е поврзано на Националната платформа за интероперабилност

август 25, 2022

Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според министерот, меѓу веб сервисите се: евиденција […]

Уверение за државјанство од 1 јануари ќе се издава и како е-документ, за пасош и лична карта ќе се закажува електронски

август 17, 2022

Од 1 јануари 2023 година граѓаните ќе можат Уверението за државјанство да го добијат и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население. За ова денеска информираше министерот […]

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

април 29, 2022

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и […]

МРТ одлучи Гарванлиев да остане македонски претставник на Евросонг 2021

март 23, 2021

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија на 19 март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на годинешниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при […]

Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“

март 18, 2021

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата […]

Преводот на државјанството на албански е погрешен велат експертите

јануари 16, 2019

Правилната форма на државјанството напишано на личните документи на албански јазик треба да биде државјанство „на Македонија“ („E Maqedonisë”), а не како што се користи со години и како што се повторно се инсистира да се пишува – „Maqedonisë” (македонско). Ова е оценката на експертите за тоа колку се почитуваат стандардите на албанскиот јазик при […]

Од 2012 година 26.100 Македонци добиле бугарско државјанство

јуни 26, 2018

Во периодот од почетокот на 2012 година до средината на месецов, 26.108 Македонци добиле бугарско државјанство, со образложение дека имаат барем еден родител со бугарско потекло, јавува бугарскиот „ЕУскуп“. Со тоа, од вкупно над 60.000 нови бугарски државјани во тој период, Македонците се најголемата група, јавува веб-страница повикувајќи се на податоците од Комисијата за бугарско […]

ДИК: Избирачкиот список на јавен увид од утре, не се внесени 11.346 граѓани

август 20, 2017

Избирачкиот список од утре ќе биде ставен на јавен увид и во него има запишано 1.816.127 гласачи, а не се внесени 11.346 граѓани, беше соопштено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваше извештајот за утврдување на состојбата со избирачкиот список за негово ставање на јавен увид за одржување на локалните избори […]

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

август 8, 2017

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако […]

Нацрт-стратегијата за бегалци денеска на седница на Комисијата за труд и социјала

август 1, 2017

Во Собранието денеска Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред ќе има јавна расправа за предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Членовите на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана во саботата истакнале загриженост и од партијата сметаат дека […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

јули 31, 2017

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно […]

Никој не испратил забелешки за нацрт-стратегијата за бегалци

јули 31, 2017

До денеска не се стасани никакви предлози или реакции до Министерството за труд и социјална политика за предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 година и за предлог-нацртот на националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година, велат за „Мета“ од одделот за односи со јавноста на Министерство. […]

Страна 1 од 2