fbpx

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

На споделеното видео се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува патот до државјанство за странците кои ќе се вклучат во војската на Русија. Исто така, Путин не се закани дека ќе ги испрати имигрантите кои се илегално во земјата да се борат во Украина

-

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува патот до државјанство за странците кои ќе се вклучат во војската на Русија. Исто така, Путин не се закани дека ќе ги испрати имигрантите кои се илегално во Русија да се борат во Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека кинески мигранти брзаат да ја напуштат Русија откако рускиот претседател Владимир Путин се заканил дека ќе ги испрати на првите борбени линии во Украина.

Путин знае како да се справи со илегалните имигранти. Путин се закани дека ќе ги испрати сите илегални кинески имигранти на првите борбени линии во Украина. Аеродромите забележаа ненадеен наплив на летови назад кон Кина, стои во објавата.

Објавата споделува и видео од социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), кое, исто така, сугерира дека мигрантите бегаат за да не бидат испратени на воениот фронт. Објавата на Х гласи:

Путин се закани дека ќе ги испрати сите илегални кинески имигранти на првите линии во Украина. Аеродромите забележаа ненадеен наплив на летови назад кон Кина. 

На 4 јануари 2024 година, Путин потпиша декрет со кој им се дозволува на странските државјани кои се борат за Русија во Украина да добијат руско државјанство, објави Ројтерс. Мерката е поттик за странците со воено искуство да се приклучат на руските воени напори.

Сепак, видеото коешто го споделува објавата што ја анализираме, може да се најде на социјалните мрежи пред 4 јануари 2024 година, кога Путин го потпишал декретот. Ова видео било објавено на 30 декември 2023 година на Douyin, кинескиот пандан на ТикТок, каде што во описот на видеото пишува дека се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за Нова година. Истиот корисник во описот на различно видео, од истата локација, пишува дека го прикажува речното пристаниште Хеихе во Кина, пишува Ројтерс.

Напорот на Русија да ги привлече странците да се приклучат на нејзината војска, исто така, не е нов.

Путин првпат почна да дозволува брзо државјанство за странци кои потпишуваат договори со руската војска во септември 2022 година. Во тоа време, имигрантите кои се пријавиле најмалку една година и биле вклучени во активни воени дејствија најмалку шест месеци можеле да аплицираат за државјанство без да мораат да живеат во земјата пет години по ред со дозвола за престој, пишува Ју-ес-еј тудеј.

Во мај 2023 година, Путин го елиминира условот странците да учествуваат во шестмесечни активни непријателства пред да аплицираат за државјанство. Указот на Путин од 4 јануари го направи процесот уште побрз, велејќи дека одлуките за апликациите треба да траат само еден месец, наместо вообичаените три месеци.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува патот до државјанство за странците кои ќе се вклучат во војската на Русија. Исто така, Путин не се закани дека ќе ги испрати имигрантите кои се илегално во земјата да се борат во Украина. Поради сето ова, објавата  ја оценуваме како неточна.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...