fbpx

(ВИДЕО) Пожар во кинески трговски центар во Белград, го гаснат хеликоптери и 70 пожарникари

На местото на пожарот се слушаат експлозии, а сомневањата се дека се работи токму за запалените плински боци

-

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блокот 70 во Белград. Густ чад што излегува од трговскиот центар може да се забележи од повеќе делови на српскиот главен град, а на терен се повеќе од 70 пожарникари. По наредба на српското Министерство за внатрешни работи, пожарот се гаси и со хеликоптери, јавува Н1.

Шефот на Одделот за вонредни состојби Лука Чаушиќ за Н1 изјавил дека акцијата била сложена, а од центарот се слушнале неколку детонации.

Чаушиќ информираше дека нема жртви ниту повредени и оти е важно да се спречи пожарот да се прошири и во локалите кои се наоѓаат зад трговскиот центар.

Голем дел од овој објект беше уништен во пожар и во 2021 година.

„Ваквите објекти се полни со запалив материјал. Имаме искуство со гаснење пред нешто повеќе од две години, кога успеавме да спасиме дури 200 простории од 360, меѓутоа, овде пожарот избувна многу брзо. Утрово во 6:57 стигна дојава, за само 2-3 минути нашите единици пристигнаа, за 5 минути почнаа да го гаснат пожарот, но огнот веќе беше во фаза на разгорување“, изјави Чаушиќ.

Официјални лица ги предупредиле граѓаните и новинарските екипи да се држат на оддалеченост од најмалку 50 метри, бидејќи веруваат дека во еден од киосците за брза храна во трговскиот центар има боци со плин кои може да се запалат, пренесува српска „Нова“.

На местото на пожарот се слушаат експлозии, а сомневањата се дека се работи токму за запалените плински боци.

Полициски сили го опколија трговскиот центар и ги спречуваат граѓаните да се приближат до запалената зграда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...