fbpx

Се донесоа последните нужни законски измени за решавање на бездржавјанството

Повеќе не постојат законски пречки за решавање на сите случаи на бездржавјанство, изјавија од УНХЦР, додавајќи дека сега, секој човек во државата ќе може да каже „Јас припаѓам“

-

Собранието вчера ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање на бездржавјанството.

Во рамки на 125. пленарна седница беа донесени измените и дополнувањата на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и на Законот за личната карта.

Од УНХЦР, Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации, го поздравија овој чекор.

„Повеќе не постојат законски пречки за решавање на сите случаи на бездржавјанство! Честитки од срце за сите институции и поединци кои се двигатели во процесот“, изјавија од УНХЦР – Скопје, додавајќи дека сега, секој човек во државата ќе може да каже „Јас припаѓам“.

Илустрација: УНХЦР Скопје

Во земјава имаше 700 лица кои не беа евидентирани во системот, а со тоа немаа ниту можност да имаат здравствено осигурување, трансакциски сметки и право на вработување, односно немаа можност да бидат пријавени.

„Со тоа се пројави потреба и за интервенција во одредени одредби во законите за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и за личната карта за да се заокружи процесот на решавање на проблемот со бездржавјанството, така што ќе се стави крај на бездржавјанството во Република Северна Македонија и ќе се решат основните човекови права на околу 700 лица, колку што беа детектирани во нашата држава“, пишува на веб-страницата на Собранието.

На овој начин, овие неевидентирани лица сега ќе можат да ги оставрат своите основни човекови права, со што Северна Македонија ќе биде прва во Европа и во светот која го има решено статусот на бездржавјанството.

„Освен тоа, донесените интервенции во посочените закони се гаранција дека во земјава нема да се повтори ситуација со лица без државјанство, затоа што системски е решено секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија да биде запишано согласно членот 4а од Законот за матична евиденција“, се вели во образложението за законските измени.

Лицата без државјанство конечно станаа видливи за системот: Кои се новите законски измени?

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...