понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: државјанство | 36 резултати

Никој не испратил забелешки за нацрт-стратегијата за бегалци

јули 31, 2017

До денеска не се стасани никакви предлози или реакции до Министерството за труд и социјална политика за предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 година и за предлог-нацртот на националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година, велат за „Мета“ од одделот за односи со јавноста на Министерство. […]

Порошенко му го одзеде украинското државјанство на Сaакашвили

јули 27, 2017

Украинскиот претседател Петро Порошенко му го одзеде украинското државјанство на својот некогашен сојузник, Михаил Саaкашвили, соопшти украинската канцеларија за миграција, што веројатно значи и крај за политичките амбиции на грузискиот претседател во Украина. Одлуката на Порошенко следи откако украинските власти дошле до одредени документи од Грузија, но нивната содржина сè уште не е позната. Саaкашвили, […]

Стратегијата на Царовска за интеграција на бегалците била само „необврзувачки патоказ“

јули 22, 2017

Министерството за труд и социјална политика на својата веб-страница објави нацрт-верзија на нова стратегија за интеграција на бегалци и на странци и национален акциски предлог-план за период од 10 години, односно за периодот од 2017 година до 2027 година и истовремено посочи дека почнува јавна дебата за мерките предвидени во двата документа, која ќе трае […]

Пораст на бројот на Британци што станале германски државјани

јуни 13, 2017

Бројката на Британци што во 2016 година станале државјани на Германија е за 361 отсто поголем во однос на 2015 година, пишува британскиот весник „Гардијан“, кој го припишува драстичниот пораст на стравувањето на Британците од неможноста да работат и да студираат во ЕУ поради Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Според германското федерално биро за […]

Турција поведува процедура за одземање на државјанството на Ѓулен

јуни 5, 2017

Турската влада денеска соопшти дека ќе почне постапка за одземање на државјанството на 130 лица кои се сметаат за бегалци, меѓу кои и проповедникот Фетулах Ѓулен, обвинет за неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година во Турција. Вкупно 130 турски државјани кои се наоѓаат во странство наскоро нема да имаат турско државјанство доколку во […]

Швајцарците на референдум гласаат за олеснување на процедурите за државјанство

февруари 12, 2017

Гласачите во Швајцарија денеска излегуваат на референдум на кој треба да одлучат дали земјата треба да ги олесни строгите правила за добивање на државјанство за третата генерација имигранти. Швајцарските закони, како што принесува „Би-би-си“, не гаранираат доколку некој е роден во земјата дека по автоматизам ќе добие швајцарско државјанство, а имигрантите мора да чекаат 12 […]

Ердоган најави дека сириските бегалци ќе можат да добијат турско државјанство

јули 3, 2016

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека владата работи на проекти со кои на сириските бегалци ќе им биде овозможено да стекнат турско државјанство ако тоа го сакаат, пренесуваат турските медиуми. – Сакаме да им помогнеме на сириските пријатели и да им понудиме можност да станат државјани на Турција – изјави Ердоган во говорот во јужната […]

Издадени потврди на 293 мигранти

март 6, 2016

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 293 мигранти. Според државјанството, потврди се издадени на 241 државјанин на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан. Од први јануари до вчера издадени се […]

Францускиот парламент го поддржа одземањето на државјанството на терористите

февруари 10, 2016

Францускиот парламент доцна синоќа ја усвои уставната измена што овозможува да им се одземе француското државјанство на лица што се осудени за тероризам. Уставните измени се предложени по терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември. Во нападите загинаа 130 лица, а повредени беа повеќе од 350. Одземањето на француското државјанство би се однесувало на осудени лица […]

Валс: На обвинетите за тероризам ќе им се одзема француското државјанство

декември 23, 2015

Францускиот премиер, Мануел Валс, денеска најави дека во Уставот на Франција ќе се направат измени со кои ќе се овозможи на лицата обвинети за тероризам, кои имаат двојно државјанство, да им се одземат француските документи. Таа одлука ќе биде една од мерките воведени во рамките на вонредната состојба во Франција, која е на сила од терористичките напади […]

Одземено државјанството на поранешниот грузиски претседател

декември 4, 2015

Грузискиот претседател Георги Маргелашили потпиша декрет за одземање на државјанството на својот претходник, Михаил Сакашвили. Декретот е потпишан во согласност со законот за државјанство на Грузија, бидејќи Сакашвили примил државјанство од друга држава, односно од Украина. Сакашвили беше претседател на Грузија во два мандати, од јануари 2004 година до ноември 2013 година. Од мај годинава […]

Човекот што ги спаси париските заложници ќе добие француско државјанство

јануари 15, 2015

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, штотуку најави дека Ласана Батили, еден од вработените во еврејскиот супермаркет „Хиперкашер“, кој беше мета на терористички напад два дена по „Шарли ебдо“, ќе добие француско државјанство по итна постапка. Француската држава го наградува Ласана Батили за неговата храброст на денот на заложничката драма. Батили, кој е муслиман […]

Страна 2 од 2