четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: попис 2021 | 96 резултати

Ланскиот попис откри 1.615 бракови на млади на возраст од 15 до 19 години во земјава

30 септември 2022

Дури 1.615 бракови на млади меѓу 15 и 19 години биле регистрирани во земјава на пописот што беше спроведен минатата година. Од вкупно 104.035 млади на возраст од 15 до 19 години, дури 1.355 девојчиња биле впишани како омажени, додека 260 момчиња од оваа возраст биле официјално стапени во брачна заедница, покажува најновиот сет на […]

Далеку сме од енергетска ефикасност, некои граѓани немаат бања и кујна во домовите [инфографик]

28 јули 2022

Енергетската ефикасност и производството на електрична енергија од сончеви колектори се неостварлива реалност за најголем дел од македонските домови, а дел од граѓаните во земјава се соочуваат со проблем за задоволување на најосновните животни потреби од минатиот век – вода за пиење, канализација и струја. Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави најновиот сет на […]

Попис 2021: Речиси 37 отсто од становите во земјава се ненаселени [инфографик]

27 јули 2022

Според новите податоци од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика, речиси 37 отсто од изградените станови во Северна Македонија се ненаселени. На ниво на држава изградени се околу 840.000 станови, а од нив 307.000 се празни. Споредено по број, најмногу ненаселени станови има во Скопје, речиси 60.000, што процентуално земено изнесува близу […]

Бројот на неписмени се намалил, но половиот јаз сличен како оној од пред две децении [инфографик]

16 јуни 2022

Бројот на неписмено население во државата изнесува 18.897 лица, покажуваат бројките од третиот сет на податоци што ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) на почетокот од месецов. Според последниот попис спроведен минатата година, неписмено е 1,2 отсто од населението. Она што е поразително е што помеѓу неписмените лица, повеќе од две третини или над […]

Блажевски на POINT за миграцијата на младите: Немаме проблем со креирање стратегии, заостануваме во имплементацијата

3 јуни 2022

Треба да направиме повеќе во Северна Македонија ако сакаме да го намалиме бројот на млади кои бегаат од државата, мислам дека немаме проблем со креирање стратегии за решавање на овој проблем, но заостануваме во нивното спроведување. Ова го истакна заменикот-главен уредник на новинската агенција „Мета.мк“ – Бојан Блажевски, говорејќи на тема „Економска миграција и одлив […]

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

29 април 2022

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и […]

Сатиричен напис дека Заев изјавил „не треба да се замараме дали пописот е фер“, се споделува како да е вистинит

10 април 2022

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно само насловот и истиот е објавен како фотографија. Притоа во принтскринот изоставен е наднасловот кој […]

Попис 2021: Бројот на атеисти е 8.764, бројот на агностици сега е за лица кои не се изјасниле

4 април 2022

Наместо 355, вкупно 8.764 граѓани од земјава се изјасниле дека се атеисти на минатогодишниот попис спроведен од Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно со ова, атеисти се 0,48 отсто од вкупното резидентно население во Македонија. Воедно, во ново објавената табела агностиците ги снема од списокот, додека лицата кои не се изјасниле за религиозната припадност сега […]

Попис 2021: Јавниот простор се уништува во Скопје, бројот на станови зголемен за 30,6 отсто

1 април 2022

Јавниот простор е ограничен ресурс, којшто треба внимателно да биде планиран и организиран за да го спречи урбанистичкиот хаос во еден град. Поразителни се најновите податоци на Државниот завод за статистика од минатогодишниот попис за главниот град. Бројот на жители во Скопје е 526.502 лица, што претставува раст на населението за 3,9 отсто во однос […]

Попис 2021: Во земјава има 60 празни населени места повеќе во споредба со пред 20 години

31 март 2022

Со последниот попис, преброени се 207 празни населени места во Северна Македонија, што е за 60 повеќе ако се спореди бројката во 2002 година, кога имало 147 вакви испразнети населени места. Статистичарот Дончо Герасимовски овој пат очекувал оваа бројка и да е поголема. „Тогаш имаше 160 населени места кои имаа население до 10 жители. Имавме […]

Попис 2021: Речиси 35 отсто од населението е на возраст до 29 години [инфографик]

31 март 2022

Во С. Македонија има вкупно 638.080 лица на возраст до 29 години, што е 34,7 отсто од вкупното резидентно население во државата, кое според последниот попис изнесува 1.836.713 лица. Од друга страна, пак, на возраст од 60 до над 85 години, се вкупно 419.125 лица во државата, што е 22,8 отсто од вкупниот број на […]

Контраспин: Трифонов спинува – Бугарите во С. Македонија без страв ја истакнуваа својата етничка припадност на пописот

30 март 2022

Со вадењето бугарски пасош, преку релативно лесниот начин да се стигне до него, беше отворена врата за македонските граѓани да имаат слободен влез и можност за работа во ЕУ. За ова се пишува и зборува со години, притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнуваат […]

Попис 2021: Будисти и Јеховини сведоци има повеќе од атеисти [инфографик]

30 март 2022

Населението кое живее во Македонија прикажало силна приврзаност со религијата, на спроведениот попис лани од Државниот завод за статистика (ДЗС). Само 355 лица на минатогодишниот попис се впишале како атеисти (0,02 отсто од резидентното население), додека дополнителни 1.964 лица се изјасниле за агностици (0,11 отсто). Заедно со нив, 16 лица воопшто не се изјасниле во […]

Попис 2021: Бојкотирале 6,31 отсто или околу 130.000 граѓани [инфографик]

30 март 2022

На Пописот 2021, податоците за околу 130.000 лица Државниот завод за статистика ги преземал од „административни извори“, односно од други бази на податоци кои ги водат државните органи. Станува збор за 6,31 отсто од вкупното резидентно и нерезидентно население на земјава, односно од сите лица кои живеат во Македонија и од дијаспората. Овие лица се […]

Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари, а само 762 зборуваат бугарски дома

30 март 2022

Во Северна Македонија живеат вкупно 3.504 лица што се изјасниле како Бугари на пописот што се спроведе минатата година, а чии резултати беа соопштени денеска. Бројката на оние што се изјасниле дека дома вообичаено зборуваат бугарски е 762 лица, односно четири и кусур пати помалку од бројката на Бугари. Оваа бројка е отприлика двојно помала […]

Попис 2021: Во Македонија има 1.836.713 жители, од кои 526.502 лица живеат во Скопје

30 март 2022

На Пописот што се спроведе минатата година се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население што живее во Македонија, додека 260.606 се нерезидентно население, изјави на денешната презентација на резултатите директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од нив, во македонскиот главен град Скопје живеат 526.502 лица, односно бројот на населението […]

ДЗС: Податоците од пописот ќе се објават до крајот на март

14 февруари 2022

Државниот завод за статистика (ДЗС) во изјава за Порталб.мк најавува дека резултатите од пописот на населението и домаќинствата ќе бидат објавени до крајот на март, кога истекува законскиот рок, пишува Порталб.мк. „Резултатите од Пописот 2021 година ќе бидат објавени најдоцна до крајот на март 2022 година. За точниот датум јавноста ќе биде навреме информирана“, велат […]

Порталб: Резултатите од пописот во земјава се очекува да бидат објавени кон крајот на годинава

31 октомври 2021

Конечниот резултат од пописот на населението се очекува да биде готов до крајот на годинава. Ова за Порталб.мк го изјави заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами. Тој рече дека иако законски имаат рок од шест месеци да ги објават резултатите, истите ќе бидат објавени пред овој рок, односно околу Нова година или најдоцна […]

Пописот заврши, попишани 1.832.696 лица во земјава и 204.805 во дијаспората

1 октомври 2021

Пописот на населението, домаќинствата и становите вчера вечер успешно заврши. Синоќа во 20 часот беа затворени апликациите за попис, по што директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски одржа прес-конференција, на која го соопшти сработеното. Во текот на 25 дена, во земјава биле попишани 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Воедно, преку […]

Пописот завршува вечерва во 20 часот, до вчера попишани 1.813.153 лица

30 септември 2021

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека Пописот на население, домаќинства и станови 2021 завршува денеска во 20 часот. Оние што не се попишале, може да го сторат тоа во некој од пунктовите за попишување кои се отворени во општините. За подетални информации можат да се обратат во контакт центарот на следниве телефонски броеви: 070/335-406, […]

Страна 1 од 5