fbpx

Попис 2021: Бројот на атеисти е 8.764, бројот на агностици сега е за лица кои не се изјасниле

-

Наместо 355, вкупно 8.764 граѓани од земјава се изјасниле дека се атеисти на минатогодишниот попис спроведен од Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно со ова, атеисти се 0,48 отсто од вкупното резидентно население во Македонија. Воедно, во ново објавената табела агностиците ги снема од списокот, додека лицата кои не се изјасниле за религиозната припадност сега се 1.964 (0,11 отсто), односно идентичната бројка под која претходно беа попишани агностиците. Исто така, бројот на лица кои не се изјасниле претходно изнесуваше 16 лица.

Од ДЗС се извинуваат за направената грешка, појаснувајќи ги направените измени.

„Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците“, се наведува во објаснувањето од ДЗС.

Од тие причини била направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 лица кај религиозната припадност веќе не се прикажани во табелата поради ограничениот простор, велат од ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...