fbpx

Попис 2021: Будисти и Јеховини сведоци има повеќе од атеисти [инфографик]

-

Населението кое живее во Македонија прикажало силна приврзаност со религијата, на спроведениот попис лани од Државниот завод за статистика (ДЗС). Само 355 лица на минатогодишниот попис се впишале како атеисти (0,02 отсто од резидентното население), додека дополнителни 1.964 лица се изјасниле за агностици (0,11 отсто). Заедно со нив, 16 лица воопшто не се изјасниле во делот на религиозната припадност, додека 76 лица на пописот се впишани во графата „непознато“.

Наспроти тоа, дури 92,6 отсто од населението во земјава се определило за одредена религиозна припадност. Како и во делот на етничката припадност, така и во делот на религиозната припадност поради бојкотот на пописот, 132.260 лица се впишани во ставката „лица за кои податоците се превземени од административни извори“, што претставува 7,2 отсто од вкупното резидентно население.

Помеѓу религиозните групи, на минатогодишниот попис за најбројни се сметаат Православците, кои се 847.390 лица или 46,14 отсто од вкупното население кое живее во земјава. Како Муслимани се изјасниле 590.878 лица, односно 32,17 отсто од населението. За Христијани се попишале 242.579 лица или 13,21 отсто од резидентното население во земјава.

Дополнително, од помалите религиозни групи има и евангелско протестански христијани - 8.764 лица (0,48 отсто), католици - 6.746 лица (0,37 отсто), 1.313 протестанти (0,07 отсто), Јеховини сведоци - 1.137 лица (0,06 отсто), 894 будисти (0,05 отсто), 889 евангелисти-методисти (0,05 отсто), 678 евангелисти (0,04 отсто), 371 адвентист (0,02 отсто).

Исто така, во земјава на пописот се впишани и 96 припадници на Хари Кришна, 74 припадници на еврејската мојсиева заедница, 70 баптисти и 50 реформисти. Уште 113 лица се изјасниле дека припаѓаат на вероисповед која не е наведена.

Попис 2021: Бојкотирале 6,31 отсто или околу 130.000 граѓани [инфографик]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...