fbpx
Таг: попис 2021

таг: попис 2021

Вистиномер: Социјалните мрежи преплавени со дезинформации за пописот

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
По две децении во Северна Македонија кончено се изведува пописот на населението и домаќинствата. За жал, оваа статистичка операција доби политичка позадина и на социјалните мрежи има премногу дезинформации и повици за бојкот, како и навреди кон попишувачите, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост: Пописот започна да се спроведува на 5 септември и според првичните информации...

Досега попишани над 618.000 лица во земјава и над 190.000 лица од дијаспората

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Пописот во земјава непречено се одвива и заклучно со вчерашниот ден до 20 часот попишани се 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС). Преку апликацијата за попис на дијаспората досега се самопопишани 192.827 лица кои живеат во странство. Одбивањата на луѓето да се попишат досега се малубројни, а техничките проблеми со кои се соочуваше...

Досега попишани над 510.000 лица во земјава, техничките проблеми се надминати

Во земјава досега се попишани 512.457 граѓани, 158.519 домаќинства и 212.464 станови, заклучно со вчера до 20 часот. Владиниот портпаролот Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на денешната прес-конференција информираа за тековните активности поврзани со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. Тој посочи дека Владата очекува пописот да...

ДЗС: Досега попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови

Од Државниот завод за статистика информираат дека пописот во земјава непречено се одвивал и изминатиов викенд, со минорен број на лица кои одбиваат да се попишат. Досега се попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови низ целата земја, заклучно со 12 септември во 20 часот. До 13 септември во 7:30 часот, биле самопопишани 192.538 лица што живеат во странство. Пописот...

ДЗС: Пописот успорен поради технички предизвици со апликацијата за попишување

Државниот завод за статистика (ДЗС) извести дека уште се работи на надминување на техничките предизвици што се појавуваа претходните денови, кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Истовремено, оттаму предупредуваат дека нивниот веб-сајт е цел на напади. „Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во...

ДЗС: Во првите четири дена попишани 200.000 граѓани

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на државата на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните, информираат од Државен завод за статистика. „Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика...

Пописот во земјава денеска се одвива без проблеми, за два дена попишани над 136.000 лица

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека по вчерашните технички проблеми со апликацијата, пописот во земјава нормално се спроведува. „Во моментов апликацијата е во функција и попишувачите на терен нормално ја извршуваат својата задача, внесуваат податоци кои ги добиваат на терен, од домаќинствата кои ги посетуваат“, изјави Симовски денеска во Куманово, по посетата на Регионалниот пописен...

ДЗС со извинување до јавноста и до Телеком: техничките проблеми беа спорадични и изолирани

Државниот завод за статистика (ДЗС) попладнево соопшти дека пописот денеска бил во прекин не на целата територија на државата туку само спорадично и на одредени локации. Главната причина не бил прекинот на интернет конекцијата туку преоптовареноста на апликацијата. За изјавата на директорот на заводот Апостол Симовски дека пописот е во прекин поради проблеми со интернетот, велат дека се должи...

На првиот ден од пописот се попишале речиси 95.000 граѓани

На првиот ден од пописот, 5 септември 2021 година до 20 часот се опфатени 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, објави Државниот завод за статистика. Ваквите бројки премиерот Зоран Заев ги оцени како исклучителе успех на стартот на пописот во земјав кој не е одржан две децении. „Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20...

ДЗС: Се интензивираат активностите за пописот, на конкурс се бараат реонски попишувачи и инструктори

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги интензивира организациските подготовки за претстојниот попис 2021, кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември. За таа цел, на 20 јули ќе се објави конкурс за избор на реонски попишувачи и инструктори за пописот на населението, домаќинствата и становите во РСМ, кој ќе трае до 5 август, соопштија од ДЗС. За на време...

Мониторинг на медиумското известување за Пописот 2021: Изразена политизација во објавените прилози

Изразена политизација на пописот во објавените медиумски прилози за него, е еден од клучните наоди на мониторингот на медиумското известување на оваа тема што го спроведе НВО Инфоцентарот, во периодот од 1 март до 2 април 2021 година, за време на работните денови од понеделник до петок. „Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60,5 отсто од објавите,...

Пописот ќе се одржи од 5 до 30 септември, локалните во октомври, а ќе се гласа со отисок од прст

Пратениците синоќа ги изгласаа законските измени за одложување на пописната акција, наместо до 1 до 21 април, за септември годинава, поточно таа ќе се реализира од 5 до 30 септември. Во меѓувреме, ќе трае попишувањето на дијаспората. Со усвоените измени во Кривичниот законик, пак, локалните избори, ќе се одржат на 24 или на 31 октомври, а граѓаните ќе gласаат...

Законот за одложување на пописот и измените на Изборниот законик ќе се носат по скратена постапка

Во тензична атмосфера со постојани реплики меѓу пратеници на ДУИ и албанската опозиција од Алијанса на Албанците и Алтернатива, Собранието на РСМ го утврди дневниот ред на 38. собраниска седница и одлучи по скратена постапка да се донесат измените и дополнувањата на Законот за попис и на Изборниот законик. Со 95 гласа „за“ и 7 гласа „против“, пратениците одлучија...

Спикерот Џафери за денеска од 13 часот ја свика седницата за одложување на пописот

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери за денеска од 13 часот ја свика 38. пленарна седница, со која треба да се одложи спроведувањето на пописот од април во септември годинава. Како што информираат од собраниската прес-служба, на денешната седница ќе се разгледуваат две точки - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата...

Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика (ДЗС) нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од ДЗС. „Со оглед дека е...

Формално-правно пописот почнува денеска, одложувањето не е изгласано во Собранието

Утрово во 8 часот формално започна главната фаза од попишувањето на населението, домаќинствата и становите на целата територија на земјава, која што законски треба да трае до 21 април во 20 часот. Ова не е првоаприлска шега, туку постојниот важечки закон за одржување на пописот предвидува од 1 април на вратите од домовите низ земјава да чукнат попишувачите. Иако неделава...

Алијанса на Албанците и Алтернатива се против одложување на пописот

Лидерите на Алијанса на Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, денеска на прес-конференција во Собранието истакнаа дека не го прифаќаат одложувањето на теренското попишување, кое требаше да почне на 1 април, а е одложено за на 5 септември. Тие најавија дека нивните 12 пратеници ќе гласаат против промена за Законот за попис. Гаши истакна дека ќе ги искористат...

Пописот ќе се одложи за во септември, локалните избори во втора половина на октомври

На денешната лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски договорено е пописот да се одложи од април за периодот од 5 до 30 септември годинава. Ова е клучното прашање што го договорија лидерите на двете најголеми партии во земјава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотира претстојниот попис, а за возврат власта се согласи да го одложи...

Се попишале уште 11.101 лице, од кои 11 од Северни Маријански Острови, а 3 од Џибути

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Република Северна Македонија, кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март до денес, информираат од Државен завод за статистика. „Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји дали сте знаеле дека во Џибути...

Селами: Се чудам зошто Македонците ги повикуваат Македонците да не се попишат

Што е лошо во тоа да повикувате граѓани да го почитуваат законот? Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата, да не се попишуваат, да направиме деформирани бројки?, вели заменик директорот на Државниот завод за статистика Иљми Селами во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...