Попис 2021: Речиси 35 отсто од населението е на возраст до 29 години [инфографик]

Фото: Архива на Мета.мк

Во С. Македонија има вкупно 638.080 лица на возраст до 29 години, што е 34,7 отсто од вкупното резидентно население во државата, кое според последниот попис изнесува 1.836.713 лица. Од друга страна, пак, на возраст од 60 до над 85 години, се вкупно 419.125 лица во државата, што е 22,8 отсто од вкупниот број на население.


Според бројките од пописот на Државниот завод за статистика, вкупното резидентно население на 5 септември 2021 година изнесувало 1.836.713 жители. Од нив, поголем број се жени односно 50.4 отсто, додека 49.6 отсто се мажи.

Во делот на резидентно население според петгодишни групи на возраст, кај „младото“ население најбројна е групата лица од 25 до 29 години, која брои вкупно 116.145 лица.

Според возрасната структура, најголем процент од населението односно 7 отсто, се во возрасната група од 40-44 години (128.186 лица). Второ по бројност е населението на возраст од 55 -59 (127.752 лица).

Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Апостол Симовски, директорот на ДЗС денеска кажа дека пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632, како и дека најмала општина е Зрновци, а најголема Куманово. Исто така има и 207 празни населени места. Симовски соопшти дека од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 се Бошњаци.

Попис 2021: Бојкотирале 6,31 отсто или околу 130.000 граѓани [инфографик]

Попис 2021: Будисти и Јеховини сведоци има повеќе од атеисти [инфографик]