fbpx

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

Вакцините против ковид-19 беа предмет на испитување и ќе продолжат да бидат предмет на најинтензивно мониторирање на безбедноста. Во земјава против ковид се вакцинирани над 869 илјади граѓани. Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност, со којашто потврдува дека сака да се вакцинира

-

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид пандемијата и е во насока на тоа дека некакви си сатанисти од „длабоката држава“ сакале да воспостават нов ред преку „лажната пандемија“, да го затворат населението, да го контролираат и да го намалат бројот на популацијата преку вакцинацијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се посочува дека вакцините против ковид-19 имале врска со сатанизмот:

КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАА? ПА НИВНИТЕ! УПЛАШЕНИТЕ ШТО МУ СЛУЖАТ НА САТАНСКИОТ СИСТЕМ

Ваквата објава е дел од познатата реторика на антиваксерите која особено се засили за време на ковид-пандемијата и е во насока на тоа дека некакви си сатанисти од „длабоката држава“ сакале да воспостават нов ред преку „лажната пандемија“, да го затворат населението, да го контролираат и да го намалат бројот на популацијата преку вакцинацијата. Ваквите наративи Вистиномер досега многупати ги има дебанкирано.

Терминологијата „сатанисти од длабоката држава“ кореспондира со терминологијата што се шири кога се споделува теоријата на заговор Кју Анон, според која една мала недефинирана група на политичари раководат со светот и му мислат лошо на мнозинството од населението, заговараат депопулација, се бават со педофилија и ќе бидат срушени само кога Доналд Трамп ќе се врати на претседателското место.

Вистиномер досега во многу наврати има пишувано дека пандемијата и коронавирусот не беа измислени, туку реални. Рецензиравме голем број објави на социјалните мрежи кои пишуваа дека коронавирусот и пандемијата се измислени. За оваа теорија на заговор, за којашто нема никакви докази, не постојат ниту научни студии кои го потврдуваат тоа. Напротив, овој вирус во светски размери и во нашата земја одзема многу животи и го промени начинот на функционирање во сите општествени сегменти.

Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и на починати во многу држави, СЗО на 11 март 2020 година прогласи пандемија. Во нашата земја од почетокот на ковид пандемијата, заклучно со 18.10.2022 година, дијагностицирани биле 343.722 лица, а починале 9.554 (објавено на платформата arcgis.com (GDI), а врз основа на податоци од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје). Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) до 19 декември 2023 година во С.Македонија имало потврдено 349.923 случаи на ковид-19, а од нив починале 9.960. Податоците на „Ворлдметер“ покажуваат дека заклучно со 26 јануари кај нас биле регистрирани 350.244 лица заболени со коронавирусот, а починале 9.963.

Што се однесува до вакцинацијата, таа спасува животи и претставува една од најголемите медицински придобивки на развојот на науката. Благодарение на вакцината во земјите со широк опфат на вакцинирано население, болести кои во минатото убивале сега се искоренети.

Не постојат никакви сатанисти, ниту нивни инструкции во поглед на вакцинацијата. Имунизацијата ширум светот се одвиваше врз база на научни студии и анализи, нужни за справување со пандемијата, а кои секојдневно потврдуваа дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт.

Луѓето коишто агитираат за вакцинација против ковид, следат здравствени препораки на домашни и меѓународни експерти, следат истражувања за безбедноста и ефикасноста на вакцините, нивниот поволен безбедносен профил споредено со нивниот ризик и ја препорачуваат во интерес на заштита на јавното здравје. Тоа не може да биде сатанизам, туку хуманизам.

Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14,4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата исто така ја намалува можноста да се појават нови варијантитврдат од Светската здравствена организација. 

Според СЗО, воведени се силни мерки за претпазливост за да се осигури безбедноста на сите вакцини против ковид. Пред да добијат одобрение од СЗО и од националните регулаторни агенции, вакцините против ковид беа ригорозно тестирани во клинички испитувања за да се осигури дека тие ги исполнуваат интернационалните стандарди за безбедност и ефикасност. Од 2021 година, повеќе од 13 милијарди дози вакцини против ковид се администрирани ширум светот. Како и за сите вакцини, СЗО и регулаторните агенции постојано ја мониторираат употребата на ковид вакцините за да идентификуваат и да одговорат на какви било безбедносни проблеми кои би можеле да се појават. Сериозните реакции на вакцините против ковид-19 се екстремно ретки. 

Со самата вакцинација против ковид во голема мера се зголеми колективниот имунитет во земјите. Според објавеното на сајтот на Мајо клиниката во САД, вакцината против ковид може да спречи сериозна болест и смрт поради ковид-19 и кај деца и кај возрасни, може да спречи хоспитализација, да го подобри имунитетот против зараза со ковид-19 и секако е побезбеден начин за заштита отколку инфекција со коронавирусот.

Две студии имаат покажано дека вакцините им даваат дополнителна заштита на оние кои веќе имаат прележано ковид. Како што неодамна објави Гардијан, повикувајќи се на резултати од клиничка студија, повеќе од 7 илјади хоспитализации и смртни случаи би можеле да бидат избегнати ако луѓето биле целосно вакцинирани. Според текстот, нецелосно вакцинираните луѓе над 75 години биле повеќе од 2 пати повеќе под ризик за сериозен исход од ковид, отколку тие што биле целосно заштитени.

Вакцините против ковид-19 беа предмет на испитување и ќе продолжат да бидат предмет на најинтензивно мониторирање на безбедноста. Доказите од стотици милиони вакцини против ковид-19, кои веќе се администрирани во САД и милијардите вакцини администрирани глобално, покажуваат дека тие се безбедни и ефективни, пишува на сајтот на ЦДЦ.

Во земјава против ковид се вакцинирани над 869 илјади граѓани. Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност, со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем коишто даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид-пандемијата и е во насока на тоа дека некакви си сатанисти од „длабоката држава“ сакале да воспостават нов ред и преку „лажната пандемија“ да го затворат населението, да го контролираат и да го намалат бројот на популацијата преку вакцинацијата. Ваквите наративи Вистиномер досега многупати ги има дебанкирано. Поради сето ова, објавата ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...