четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Кју Анон | 34 резултати

Лажно тврдење дека Џо Бајден е мртов и заменет со брат близнак, кој не постои

јануари 8, 2024

Со помош на Google Image Reverse Search, нашиот тим откри дека видеото не ја прикажува Наоми Бајден. Видеото ја прикажува Кас Теаз, позната креаторка на содржини на ТикТок. Со илјадници следбеници, Теаз јасно укажува во нејзината биографија на ТикТок дека нејзиниот профил е сатиричен. Теаз физички не наликува на Наоми Бајден, вистинската внука на Џо […]

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

декември 18, 2023

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации […]

Убиството на Вања злоупотребено за заговорнички теории дека била жртва на сатанистички ритуал

декември 12, 2023

Сатанистички ритуал не е споменат во ниту еден дел од досегашните сознанија на истражните органи за убиството на Вања Ѓорчевска. Во објавата се споделува комплетно непоткрепена со докази и факти теорија на заговор, како и нелогичност дека првоосомничениот за убиство и грабнување бил „наместен“ и покрај тоа што оние кои го посочија како извршител на […]

Војната во Газа и жртвите од неа злоупотребени во Кју анон теориите на заговор

октомври 30, 2023

Објавата ја шири познатата теорија на заговор за некакви елити кои го контролираат светот, го обожуваат сатаната и тргуваат со деца кои ги убиваат за да ја пијат нивната крв, но овојпат во конспирацијата е вклучена војната во Газа. Оваа теорија на заговор особено ја форсираат поддржувачите на Кју Анон кои го величаат Трамп, а по […]

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

октомври 25, 2023

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на јавноста во науката, ја поткопуваат довербата во институциите, може да ги нарушат јавните политики. Од клучно значење е да […]

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

октомври 17, 2023

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за да се создаде недоверба во ковид вакцината произведена во ЕУ. Сите […]

И невремето во Њујорк во барабанот на заговорничките сценарија на Кју Анон

октомври 9, 2023

Силното невреме кое го зафати и поплави Њујорк изминатиот петок, не се случи поради тоа што поддржувачи на Трамп, наводно го пуштиле ХААРП-от за да спасат деца заробени и малтретирани во тунели, како што се тврди во оваа објава, туку поради влијанието на климатските промени. Киднапирањето, чувањето и консумирањето на деца во тунели во Њујорк, […]

Путин не го спасува светот од ,,длабоката држава”, туку води агресорска војна во Украина

септември 21, 2023

Според описот на истражувачкиот портал Белингкет, Кјуанон е теорија на заговор која што лажно тврди дека екс-американскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). И покрај тоа што Трамп не е претседател и предвидувањата на Кјуанон не се остваруваат, […]

Кју Анон пропаганда за сатанизација на НАТО и ЕУ

септември 14, 2023

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од […]

На Фејсбук повторно се шират конспирации за пандемијата и „длабоката држава“

август 31, 2023

Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено […]

Видео со висок контраст лажно го прикажува Макрон со „силиконска маска на лицето“

јуни 17, 2023

Во постот е споделено кратко видео во кое Емануел Макрон, Џо Бајден, Ангела Меркел и Хилари Клинтон се прикажани на снимки со висок контраст, кои прават оптичка илузија. Па во духот на теоријата на заговор Кју Анон, според која овие политичари не се вистински туку се „заменувани од двојници“, неточно се тврди дека францускиот претседател […]

Мел Гибсон не снима документарен филм за сексуална трговија со деца во Украина

јуни 15, 2023

Мел Гибсон не снима никаков документарец за сексуална трговија со деца. Основач на непрофитна организација за борба против трговија со луѓе во Јута, претходно предложил актерот да обезбеди првична поддршка за документарен филм, но тој потврдил за Асошиетед прес дека Гибсон не е вклучен во снимањето на филмот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу […]

Бајден не носи маска на ова видео, туку видеото е со висок контраст

мај 29, 2023

Во пост на Фејсбук лажно се тврди дека на одреден веб сајт ги имало сите обвиненија за злосторство против човештвото, дека ковид пандемијата и заклучувањата биле дел од план за депопулација на црното племство и слични теории на заговор. Воедно, се постира видео со кое јавноста треба да биде уверена дека не станува збор за […]

Не е точно дека Трамп пронашол работилница за адренохром во позната продавница во Њујорк

мај 7, 2023

Во постот се тврди дека војската по наредба на Трамп пронашла деца и работилница за адренохром, меѓутоа за ова нема никаква поткрепа, ниту пак, може да се најде таква информација во медиумите. Самиот Трамп се нема пофалено и јавно не говорел на оваа тема. Адренохромот е состојка којашто се добива со оксидација на адреналин и […]

Не е вистина дека Бајден бил убиен со инјекција во Гвантанамо

април 24, 2023

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник. Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето. […]

Теориите на заговор за адренохром не ја поштедија ни Селин Дион

април 12, 2023

Нема никакви докази дека Селин Дион консумира адренохром, ниту пак, дека многу познати личности го користат за да останат млади. Супстанцата е „еликсир на младоста“ само во теориите на заговор. Всушност, станува збор за синтетичка супстанца која се добива во лабораторија  и се користи како хемостатик за лекување на загубата на крв. Теоријата на заговор […]

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

април 10, 2023

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во […]

Пропаганда: Неосновано величење на Трамп како спасител на деца од мрежа на педофили

април 6, 2023

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи на Трамп, припадници на движењето Кју анон, каков што е и […]

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

март 23, 2023

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не […]

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

март 21, 2023

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот […]

Страна 1 од 2