fbpx

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато.

-

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во постот не е јасно наведено кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите употребени во описот на видеото многу наликуваат вокабуларот на Кју Анон теоретичарите на заговор, кои постојано говорат за таканаречени злосторства против човештвото и како нивни наводни креатори посочуваат различни личности кои се демократски настроени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видео во кое генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се обраќа и зборува за тоа дека Финска ќе стане дел од НАТО. Во опис на видеото пишува:

01.04.2023
Финска влегува во НАТО. Овој ќе биде осуден за злодела против човештвото.
НАТО е уништувач на народите на сопствената планета.
Војници без мозок.

Наспроти ваквите наводи изнесени во описот на видеото, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Всушност, Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции, за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато.

Столтенберг стана генерален секретар на НАТО во октомври 2014 година,после динамична интернационална и домашна кариера. Како поранешен премиер на Норвешка, Столтенберг отсекогаш бил силен поддржувач на голема глобална и трансатлантска соработка.

Под водство на Столтенберг, НАТО има одговорено на многу предизвици за безбедноста, всушност тој ја има имплементирано најголемата колективна одбрана после Студената војна, зголемувајќи ја подготвеноста на НАТО силите и испраќајќи трупи во источниот дел од Алијансата. Тој верува во одбрана додека напоредно се одвива дијалог со Русија. Тој исто така заговара зголемени финансии за одбрана и подобра распределба на одговорностите во Алијансата, со голем фокус на иновација. Исто така, НАТО  во негово време ја засили битката против тероризмот. Тој особено го почитува партнерскиот пристап преку соработката на НАТО и ЕУ, која има достигнато невидени размери.

Пред да дојде во НАТО,  тој имал позиција во ОН за борба против климатските промени од 2013 до 2014 година, потоа претседавал со панели на високо ниво во ОН за финансирање на проблемите поврзани со климата и кохерентноста меѓу развојот, хуманитарната помош и политиките за животната средина.

Како премиер на Норвешка, тој ги зголеми буџетите за одбрана и ја трансформираше норвешката армија со нови можности и инвестиции. Столтенберг, исто така, беше премиер за време на терористичките напади на 22 јули 2011 година, во кои  беа убиени 77 лица во Осло, барајќи како одговор на овие напади да се создаде поголема демократија, поголема отвореност и хуманост, но никогаш тоа да не се прави наивно.

Столтенберг има магистратура по економија на Универзитетот во Осло. По неговото дипломирање во 1987 година, тој работел во Националниот институт за статистика на Норвешка, пред да се влезе во политиката.

Освен што не е вистина дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото, во постот не е јасно наведено ниту кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите во постот многу наликуваат вокабуларот на Кју Анон теоретичарите на заговор, кои постојано говорат за таканаречени злосторства против човештвото и како нивни наводни креатори посочуваат различни политичари кои се демократски настроени.

Не е точно дека НАТО е уништувач на народите на планетата и дека во него има војници без мозок. Тоа е всушност, навреда. НАТО има критериуми како да се стане војник во НАТО. Мора да се биде од националност на земја-членка на НАТО, да се биде на возраст меѓу 21 и 60 години, да се има отслужено задолжителниот воен рок во домашната држава, знаење на англиски или француски јазик, итн.

На пример, кога професионалните војници во Северна Македонија ќе бидат примени во националната армија, што се случува на конкурси со строги критериуми, тие почнуваат да ѝ служат не само на нашата држава, туку и на 29 земји -ленки на НАТО, стануваат дел од  над 3.2 милиони мажи и жени во униформа кои ѝ служат на Алијансата.

Вистиномер и претходно има дебанкирано лажни наративи за Алијансата, како оној дека е „НАТО приватна војска сите држави во НАТО се окупирани“.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...