fbpx

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош

„АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да одговори на сите најчести прашања во врска со програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија

-

Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по претставувањето на овој дигитален асистент на владина седница во февруари годинава. Институциите кажуваат детали во врска со прашањата на Порталб.мк за тоа кој го создал овој дигитален асистент, како ќе функционира или какви услуги ќе дава, пишува Порталб.мк.

„АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да одговори на сите најчести прашања во врска со програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија. Во текот на оваа година се очекува дигиталниот асистент да биде инсталиран на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој, за што јавноста навреме ќе биде информирана“, изјавија од ФИТР за Порталб.мк.

Од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи за Порталб.мк потврдија дека во моментов ниту една институција во РСМ не користи вештачка интелигенција. За „АДА“ објаснуваат дека во првата фаза ќе дава услуги за инвеститорите.

„АДА“, во првата фаза, ќе обезбедува услуги во делот на државна помош, односно ќе одговара на прашања на заинтересирани инвеститори во врска со реализација на нивните инвестициски планови во нашата земја и каков вид и обем на државна помош се нуди преку програмите на Владата. Ќе собира податоци единствено за параметрите на инвестициските проекти на субјектите кои самите ќе изберат да ги споделат со виртуелниот асистент”, велат од кабинетот на Битиќи.

Според нив, предностите се многубројни, но нема ризик од користење на „АДА“.

„Предностите се брз и отворен пристап до информации, унифицираност на споделување на можностите за инвестирање, заштедата на време и ресурси и друго. Од аспект на давателот на информации, не постои ризик бидејќи се работи за информации и податоци кои и сега се јавно достапни. Од аспект на корисниците на сервисот, исто така не постои ризик бидејќи споделуваат базични информации за своите планови кои се собираат во база на податоци која ја управуваат и надгледуваат лица од институциите, кои работат со потенцијални инвеститори на дневна основа”, одговорија од кабинетот на Битиќи.

Инспирација за дизајнот на оваа алатка е Aда Ловлејс, која се смета за првата жена програмер во светот. Според образложението на Владата, дигиталниот асистент „АДА“ во иднина ќе биде главна точка за контакт за услугите за граѓаните, која целосно ќе се дигитализира.

Инаку, презентирањето на роботот Chat GPT, кој има способност да разговара како човек со висок степен на флуентност и кохерентност, го сврте вниманието на светот на употребата на вештачката интелигенција во служба на човекот, но и за можните опасности кои може да ги донесе таа.

Порталб.мк, претходно пишуваше дека употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во недостаток на стратегија или регулатива ги изложува граѓаните на ризик од потенцијална злоупотреба. РСМ формираше работна група за Националната стратегија за вештачката интелигенција , но од 2021 година одржан е само еден состанок.

Според експертите, користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките.

Оваа истражувачка сторија е подготвена како дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“, кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Влада (Естонија), Движењето Доста! (Албанија), Партнери за демократски промени Србија (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и Open Data Косово (Косово).

Оваа истражувачка сторија е подготвена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на истражувачката сторија е единствена одговорност на Фондацијата Метаморфозис и авторот и на ниту еден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...