Да се повлече дневниот ред од денешната собраниска седница, бара Платформата на граѓански организации

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупција, вчера со јавен допис побара од претседателот на Собранието и од пратениците, да го повлечат од дневен ред Законот за утврдување јавен интерес од седницата која е закажана за денеска во 11 часот. Оттаму укажуваат дека пратениците имаат должност да го штитат уставниот и правен поредок во државата.

„Носењето специјален закон, како што е Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), уште од самиот почеток вклучуваше ризици од корупција, бидејќи ги заобиколуваше општите закони, на што укажа и Платформата во тогашната реакција, а кон критиките се придружија и други домашни и странски чинители“, наведено е во дописот.

Оттука, според организациите, изненадувачки е тоа што на денешната седница се предложени измени на повеќе закони по скратена постапка, а поврзани со неговото
извршување.

„Ниту на пратениците, ниту на граѓаните ниту на стручната јавност им е оставено доволно време за да проценат во колкав обем се зголемуваат ризиците од корупција со предложените измени, кои имаат потенцијал делумно да ги ограничат заштитните механизми поврзани со остварување на човековите права, заштитата на животната средина и финансиските последици од даночните и други фискални ослободувања кои се предлагаат“, потенцирано е во дописот.

Од Платформата потсетуваат дека пратениците имаат обврска да овозможат должна дискусија и да повикаат стручни лица и засегнати страни на расправа при носење на закони и измени на закони.

„Ова е посебно важно при носење одлуки кои по својата природа се сложени и дерогираат или овозможуваат исклучоци при спроведување на општите закони. Исто така овие одредби сериозно ги нарушуваат и индивидуалните права на сопственост загарантирани со Уставот. Затоа повикуваме на сеопфатна анализа и јавна расправа за тоа колку и кои ќе бидат засегнатите страни со овие предложени решенија, за да се ограничат можностите од корупција иницирани со дерогирање на постоечката законска регулатива на земјата. Граѓаните заслужуваат анализа и отчет во законодавната пракса, а со цел зачувување на владеењето на правото“, наведено е во дописот.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...