петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: теории на заговор | 269 резултати

Обидот за атентат на Трамп ги разбуди теоретичарите на заговори

31 јули 2024

Бројни теории на заговор и дезинформации се раширија по обидот за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Вистиномер разгледа неколку од досега споделените наративи во земјава, кои случајно или не, потекнуваат и од лица од партии што се на страната на Кремљ и кои позитивно се изразуваат за Владимир Путин, пишува Вистиномер.  Анализата […]

Чиста шпекулација е дека вакцинираните со мРНК вакцина ќе починат најдоцна за 4 години

25 мај 2024

Во објавата што ја рецензираме базирано на шпекулации, без никаков медицински доказ, паушално се изнесува дека вакцинираните со мРНК вакцина против ковид ќе починат за најдоцна 4 години, заедно со уште бројни лаги, веќе дебанкирани дезинформации поврзани со составот на вакцината. Ваквите објави се штетни и опасни по здравјето на луѓето и се косат со […]

Новинарот Лукаидс по една година истражување на „Телеграм“: Алатката е добра, но таму преовладува пропагандата

12 април 2024

Дарен Лукаидс работи како истражувачки новинар од 2008 година, во Лондон и во Барселона. Главен интерес му се конспиративните групи, групи кои шират дезинформации на социјалните платформи и истражувања за начинот на кој функционираат истите, со посебен акцент на Телеграм. Неговите стории се објавувани во престижни медиуми, како WIRED, Гардијан (The Guardian) oпен Демокраси (open Democracy), […]

Едни исти кругови се лепат како магнет за анти-ЕУ и антиваксерски наративи

31 март 2024

Структури кои во текот на ковид пандемијата жестоко споделуваа дезинформации за вакцините, маските, мерките за заштита од ковид и сето тоа го ставаа во еден кош на „глобална контрола на населението од страна на сатанистичкиот Запад и неговата агенда за депопулација“, не престанаа да шират невистини ниту по завршувањето на пандемијата. Тие само продолжија надградени […]

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

25 март 2024

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се […]

Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

24 март 2024

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната […]

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

24 март 2024

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој […]

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

24 март 2024

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, […]

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

23 март 2024

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу […]

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

23 март 2024

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно […]

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

21 март 2024

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе […]

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

20 март 2024

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа […]

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

20 март 2024

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, […]

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

19 март 2024

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни […]

Побивање на теориите на заговор околу „предвидувањата“ во „Californication“ на Red Hot Chili Peppers

13 март 2024

Толкувањето на песната „Californication“ на култните The Red Hot Chili Peppers, како да содржи предвидувања за тоа што се случува денес во светот. Таа стана кластер од теории на заговор како на пример: „Земјата е рамна”, „Човекот никогаш не стапнал на Месечината”, „Масони”, „Видовити шпиони”, „Лажни космонаути” и многу други.  Поентата е во тоа што […]

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

13 март 2024

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само […]

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

13 март 2024

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде […]

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

10 март 2024

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на […]

СЗО не планира да имплементира „договор за пандемија“ и да го одземе суверенитетот на земјите-членки

27 февруари 2024

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува меѓународен договор, кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги […]

Не е точно дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се последица на вакцинацијата

26 февруари 2024

Спротивно на тврдењето во објавата, имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести. Голем број научни студии покажаа дека ризикот од срцев и мозочен удар се  последица на инфекција со коронавирусот, како и тоа дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Страна 1 од 14