fbpx

Не е точно дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се последица на вакцинацијата

Инфекцијата со коронавирусот е поврзана со кардиоваскуларни заболувања. Ковид-19 е поврзан со зголемен ризик од неправилни отчукувања на срцето, срцева слабост и коронарна болест

-

Спротивно на тврдењето во објавата, имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести. Голем број научни студии покажаа дека ризикот од срцев и мозочен удар се  последица на инфекција со коронавирусот, како и тоа дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека зголемениот број на заболени од срцеви и мозочни удари е поради вакцините против корона вирусот.

Според психопатот, зголемениот број на пациенти е поради короната, а не инјектиранјето…

За зал, бројот на пациенти кои и веруваа на “науката” ке бидит уште поголем.

Од самиот почеток на ПЛАНдемијата, предупредувавме за вакви последици, пишува во објавата.

Во објавата е споделено и видео од ТВ прилог со изјава од д-р Сашко Николов специјалист каридолог.

Авторот на објавата во антиваксерски стил навредливо ја негира изјавата на кардилогот Сашко Николов, кој тврди дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се должи на инфекцијата со коронавирусот. Наспроти лекарот специјалист кардиолог,  авторот на објавата тврди дека причина за зголемениот број заболени се вакцините против ковид.

Ова не е вистина.

Во своето излагање во споделеното видео, д-р Николов, вели дека оваа состојба со зголемен број на срцеви и мозочни удари е последица на корона инфекцијата во време на пандемијата.

Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и рапиден пораст на артеросклеротските болести на пациентите. (видео 0045- 0055)  вели д-р Николов.

Според Националниот центар за биотехнолошки информации на САД, научни студии покажуваат дека надвор од првите 30 дена по инфекцијата, лицата со ковид-19 се изложени на зголемен ризик од инциденти кардиоваскуларни болести кои опфаќаат неколку категории, вклучувајќи цереброваскуларни нарушувања, исхемична и неисхемична срцева болест, перикардитис, миокардитис, срцева слабост и тромбоемболично заболување.

Во анализите се користени национални бази на податоци за здравствена заштита од Министерството за ветерани на САД , а била опфатена група од 153.760 лица со ковид-19.

Овие ризици и оптоварувања беа очигледни дури и кај лицата кои не беа хоспитализирани за време на акутната фаза на инфекцијата и се зголемија на степенуван начин во согласност со грижата за време на акутната фаза (нехоспитализирани, хоспитализирани и примени на интензивна нега). Нашите резултати даваат доказ дека ризикот од кардиоваскуларни болести кај преживеаните од акутен ковид-19 се значителни. Патеките за нега на оние кои ја преживеале акутната епизода на ковид-19 треба да вклучуваат внимание на кардиоваскуларното здравје и болести, информираат од НЦБИ.

Дека коронавирусот може да влијае на воспаление на срцето објавија и лекарите од Хопкинс медицин.

Миокардитис е воспаление на срцето. Коронавирусот може директно да го зарази и оштети мускулното ткиво на срцето, како што е можно со други вирусни инфекции, вклучително и некои видови на грип. Инфекцијата со коронавирус влијае и на внатрешните површини на вените и артериите, што може да предизвика воспаление на крвните садови, оштетување на многу мали садови и згрутчување на крвта, а сето тоа може да го загрози протокот на крв во срцето или други делови од телото, пишува Hopkins medicine.

Во 2023 година, доктор Сема Туран, членка на турскиот Научен комитет за коронавирусот, изјави дека нема валидност во поврзувањето на мозочните или срцевите удари со вакцината против ковид-19. Според неа имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести.Таа истакна дека нема валидност во поврзувањето на мозочните или срцевите удари со вакцината.

Постојат само неколку извештаи во литературата кои покажуваат зголемување на мозочните удари како несакана последица од вакцините против ковид-19. Ова укажува дека имунизацијата има низок ризик од несакани последици, изјави д-р Туран за АА.

Студијата од 2022 година на членовите на Обединетото Кралство Биобанк, објавена во British Medical Journal’s Heart, покажа дека нехоспитализираните случаи на ковид-19 имале 2 пати поголем ризик од кардиоваскуларна смрт.

Ова се зголеми на 8,8 пати кај оние со примарно хоспитализирани со ковид-19 и 14,6 пати за секундарно хоспитализиран ковид -19 во текот на следната година, при што повеќето смртни случаи се случија во рок од 100 дена по инфекцијата, вели професорот Џефри Морис, директор. за биостатистика на Универзитетот во Пенсилванија, во изјава  за Ројтерс на тема вакцините и кардиоваскуларното здравје.

Студиите покажуваат дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните. Анализирајќи ги најобемните збирки на податоци во САД, истражувачите од Медицинскиот факултет Icahn открија дека вакцинацијата против ковид-19 е поврзана со помалку срцеви напади, мозочни удари и други кардиоваскуларни проблеми, во однос на луѓето кои биле заразени со САРС-КоВ.-2, вирусот што предизвикува ковид-19.

На наше изненадување, дури и делумната вакцинација беше поврзана со помал ризик од несакани кардиоваскуларни настани, вели авторот на првата студија Џој Џианг, од лабораторијата Надкарни.

Во најголемата анализа досега, истражувачите открија дека ризикот од срцев удар или мозочен удар по инфекција со ковид вирусот е намален за 41 отсто кај луѓето кои се целосно вакцинирани. Дури и делумната вакцинација даде одредена заштита, намалувајќи го ризикот од голем срцев настан за околу 24 отсто.

Инфекцијата со коронавирусот е поврзана со кардиоваскуларни заболувања. Ковид-19 е поврзан со зголемен ризик од неправилни отчукувања на срцето, срцева слабост и коронарна болест. Во  студија објавена во 2021 година во The Lancet, ковид-19 се покажа поврзан со трикратно до осумкратно зголемен ризик од срцев удар и трикратно до седумкратно зголемен ризик од мозочен удар.

Вистиномер неколкупати пишуваше дека нема никаква поврзаност на ковид вакцините со зголемениот број на срцеви и мозочни удари овде.

Не е точно ниту дека пандемијата со коронавирусот е пландемија, тврдење широко распространето во антивакциналните кругови во текот на целата пандемија.

Поради гореизнесената аргументација поткрепена со факти од научни студии, оваа објaва ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...