сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: антиваксери | 160 резултати

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

март 22, 2024

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна […]

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

март 19, 2024

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни […]

Не е точно дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се последица на вакцинацијата

февруари 26, 2024

Спротивно на тврдењето во објавата, имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести. Голем број научни студии покажаа дека ризикот од срцев и мозочен удар се  последица на инфекција со коронавирусот, како и тоа дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Објава произволно тврди дека вакцините се отров и ги повикува родителите да не ги вакцинираат децата

февруари 24, 2024

Големата кашлица која сега зема замав кај нас е резултат на недоволната вакцинална покриеност. Ваквите објави кои ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца, се многу опасни и штетни, тие придонесуваат да се шири заразата од оваа болест која долго време беше неактивна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

февруари 22, 2024

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот […]

Вакцините не влијаат на интелигенцијата, ама невакцинираните влијаат на колективниот имунитет

февруари 18, 2024

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ефектот на вакцината не е намалување на интелигенцијата, туку спречување на заразни заболувања кои водат до тешки компликации и смрт. Вакцинираните лица не влијаат негативно на невакцинираните, но невакцинираните спречуваат да се создаде колективен имунитет, кој пак, би ги штител најранливите во општеството, како што се многу мали  […]

Антиваксерска објава шири невистини дека се прави геноцид врз децата

февруари 17, 2024

Не постојат медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со појавата на аутизмот кај децата. Наспроти тоа, има медицински докази дека вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни […]

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

февруари 16, 2024

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се […]

Вирална Фејсбук објава ги наведува родителите да не ги вакцинираат децата

февруари 14, 2024

Во оваа објава вакцините се претставуваат како штетни за децата што е неточно и многу опасно. Вакцините обично се даваат во детството заради заштита од сериозни, често смртоносни болести. Тие му помагаат на имунолошкиот систем поефикасно да се бори против инфекциите, со тоа што ќе го поттикнат имунолошки одговор на одредени болести. Ваквите објави, кои […]

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

февруари 1, 2024

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили […]

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

јануари 14, 2024

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница […]

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

јануари 7, 2024

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“. Вакцините против ковид-19 се со испитани состојки кои се транспарентно наведени и имаат позитивен безбедносен профил и никакви отрови […]

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

декември 27, 2023

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува […]

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

декември 21, 2023

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа […]

Вакцините не се користат за лечење и не претставуваат отрови за деца

декември 17, 2023

Вакцините, иако се алатка којашто спасува милиони смртни случаи годишно, сепак тие не се лек односно не се употребуваат за да со нив се лечат децата. Тие се превенција и заштита, и наспроти тврдењата дека се отровни, тие се многу безбедни. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, […]

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

декември 5, 2023

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со […]

ХПВ вакцините се безбедни, не содржат опасни дози на алуминиум

декември 2, 2023

Вакцината против ХПВ е тестирана, безбедна, ефикасна, со поволен безбедносен профил и се препорачува од страна на СЗО во редовниот имунолошки календар. Овие вакцини содржат алуминиум, ама не во опасни дози. Количеството на алуминиум во ХПВ вакцината Гардасил е контролирано од страна на американската Агенција за храна и лекови, која има утврдено дека станува збор за незначително […]

Не е точно дека теренската вакцинација ќе ги „докрајчи“ ранливите категории

ноември 11, 2023

Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа […]

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

ноември 2, 2023

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните […]

Лага е дека вакцинираните деца ја губеле интелигенцијата

септември 26, 2023

Благодарение на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Имајќи ги предвид сите истражувања и факти, никако не […]

Страна 1 од 8