fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Преку стари теории на заговор за „западните педофили“ се шират дезинформации за убиството на Вања

Објавата изобилува со добро познати теории на заговор, избегнувајќи ги притоа фактите и доказите за случајот со исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања, кои институциите ги презентираа во јавноста. Не е точно дека Вања ја киднапирале некакви светски педофили и за да се прикрие тоа било соопштено дека девојчето е убиено. Безживотното тело на Вања беше пронајдено во селото...

Убиството на Вања злоупотребено за заговорнички теории дека била жртва на сатанистички ритуал

Сатанистички ритуал не е споменат во ниту еден дел од досегашните сознанија на истражните органи за убиството на Вања Ѓорчевска. Во објавата се споделува комплетно непоткрепена со докази и факти теорија на заговор, како и нелогичност дека првоосомничениот за убиство и грабнување бил „наместен“ и покрај тоа што оние кои го посочија како извршител на кривичното дело убиство, самите...

На Фејсбук убиства не се решаваат!

Сведоци сме на непотврдени информации во однос на семејниот приватен живот на семејството на 14-годишната Вања, секакви теории на заговор, стотици и стотици чуени-недочуени-претпоставени мотиви за двете убиства, исполитизирани и испреплетени во една мистерија која сега наводно ја расплетуваат корисници на социјалните мрежи, со што се создава целосна конфузија во однос на два трагични настана, едни од најбизарните во...

Тенденциозно се прикажува студија за да се „докаже“ дека маските не спасуваат животи

Во оваа објава се пропушта контекстот, притоа не се наведуваат битните огради кои ги ставаат и самите автори во студијата, а се тврди дека маските не заштитуваат од инфекција со ковид-19. Сознанијата од студијата се дека носењето маска МОЖЕ да биде асоцирано со зголемен ризик од инфекција, но оваа асоцијација МОЖЕ да биде и поради разлики меѓу луѓето што...

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со нив да се изврши...

Објава полна со теории на заговор шири невистини за етничко чистење на православни

Никој не нè труе и убива со прскање отрови, со вакцини, лекарства и ГМО храна. Тврдењата за такво нешто изнесени во објавата не се поткрепени со никакви факти и докази. Но, затоа има медицински факти и докази дека не постојат „кемтрејлс“ и дека вакцините спасуваат животи. Што се однесува до болестите набројани во објавата, ниедна од нив нема врска...

Не е точно дека теренската вакцинација ќе ги „докрајчи“ ранливите категории

Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа објава да се посомневаат...

Војната во Газа и жртвите од неа злоупотребени во Кју анон теориите на заговор

Објавата ја шири познатата теорија на заговор за некакви елити кои го контролираат светот, го обожуваат сатаната и тргуваат со деца кои ги убиваат за да ја пијат нивната крв, но овојпат во конспирацијата е вклучена војната во Газа. Оваа теорија на заговор особено ја форсираат поддржувачите на Кју Анон кои го величаат Трамп, а по војната во Украина и...

Закоравени десничарски групи со дезинформации ги бранат семејните вредности

Демохристијанската идеологија интензивно ги пушта своите корени и во македонското пост-ковид општество, во време кога се создаде плодна почва за антиваксерски движења и сеење дезинформации за последиците од ковид вакцините. Во барабанот на дезинформациите се најдоа разни теории на заговор, но и предупредувања за „увоз на опасни западни вредности“ со цел уривање на нашите традиционални семејни вредности. Во таа...

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на јавноста во науката, ја поткопуваат довербата во институциите, може да ги нарушат јавните политики. Од клучно значење е да бидеме внимателни и критички...

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за да се создаде недоверба во ковид вакцината произведена во ЕУ. Сите состојки на сите вакцини...

Емисиите на јаглерод диоксид не може да се решат само со пошумување

Не е точно дека во светот не се садат дрвја за да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но таа мерка не е единствената која е доволна. Не е точно ниту дека елити создаваат природни катастрофи со цел да го контролираат населението и потоа да нудат решенија со кои им се намалуваат слободите на граѓаните. Кога станува збор за...

Не е точно дека сето овошје и зеленчук во ЕУ е ГМО

Не може да се потврди дека оној кој го снимал видеото е навистина Украинец и дека е бегалец, а нема ниту докази дека храната што се презентира е генетски модифицирана. Станува збор претежно за овошје и зеленчук, кои се спакувани и снимателот на видеото ги уништува, притоа кажувајќи дека „храната во ЕУ нема нутритивна вредност“, што се разбира е...

И невремето во Њујорк во барабанот на заговорничките сценарија на Кју Анон

Силното невреме кое го зафати и поплави Њујорк изминатиот петок, не се случи поради тоа што поддржувачи на Трамп, наводно го пуштиле ХААРП-от за да спасат деца заробени и малтретирани во тунели, како што се тврди во оваа објава, туку поради влијанието на климатските промени. Киднапирањето, чувањето и консумирањето на деца во тунели во Њујорк, како и нивното спасување...

Невистина за тризабецот на грбот на Украина искористена за да се оправда руската воена инвазија

Војната во Украина не е никаква борба на сатански робови против православието. Украинците не се сатански робови, ниту грбот на Украина е поврзан со бележење сатански симболи. Војната во Украина се води поради територијални претензии на Русија и претставува кршење на низа меѓународни договори, загрозување на животот на цивили, донесе човечки жртви и материјална штета, што се одрази на...

Лага е дека вакцинираните деца ја губеле интелигенцијата

Фото: Pixabay/qimono
Благодарение на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Имајќи ги предвид сите истражувања и факти, никако не може да се изведе...

Англија не се откажува од 15-минутни градови, проект за раззеленување, а не за контрола

Објавата се должи на теории на заговор и е невистина. Зашто и Концептот на 15 минутни градови е, исто така, комплетно неповрзан со камерите и казните кои што се споменуваат во постот кој го рецензираме. Тоа за Асошиејтед Прес го потврди Карлос Рати, професор по урбанизам, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната...

Путин не го спасува светот од ,,длабоката држава”, туку води агресорска војна во Украина

Според описот на истражувачкиот портал Белингкет, Кјуанон е теорија на заговор која што лажно тврди дека екс-американскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). И покрај тоа што Трамп не е претседател и предвидувањата на Кјуанон не се остваруваат, конспирацијата продолжува да влече...

Научно видео од 2015 година злоупотребено за да се шират теории на заговор

Луѓето не се разболуваат ниту од антените за мобилна телефонија, ниту од графен оксид. Тие на никој начин не се поврзани со вакцините против ковид-19. Објавата што ја анализираме користи научно видео од 2015 година, осум години пред да се појави коронавиурусот, со цел да шири дезинформации за составот на вакцините, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Објава шири измислици дека 5Г кулите активираат болести кај вакцинираните луѓе

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика  болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните и отпор кон примање на вакцините поради страв од идни пандемии, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...