fbpx

Англија не се откажува од 15-минутни градови, проект за раззеленување, а не за контрола

Тврдењето во објавата што ја рецензираме за камерите, веројатно се однесува на стотици сообраќајни камери од противници на рестрикциите против загадувањето во Лондон, познато како Зона на ултра ниска емисија, пишува Вистиномер

-

Објавата се должи на теории на заговор и е невистина. Зашто и Концептот на 15 минутни градови е, исто така, комплетно неповрзан со камерите и казните кои што се споменуваат во постот кој го рецензираме. Тоа за Асошиејтед Прес го потврди Карлос Рати, професор по урбанизам, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Кај мене фактчекерите се блокирани, ај да видиме дали ќе ми ја блокираат објавата на Славица Вукичевиќ.

Во склоп на објавата има објавен репост на споменатата Вукичевиќ на која пишува:

,Англија се откажува од агендата на Светскиот економски форум за 15 минутни градови затоа што сите камери на влезот се уништени и 50 илјади луѓе одбиле да платат казни а камерите не може да се поправат, бидејќи средствата на полицијата и се скратени а судовите не можат да процесуираат толкав број на судски спорови.

Теории на заговор за концептот 15 минутни градови

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, ова е невистина.

Британските власти велат дека продолжуваат да ги зајакнуваат напорите поврзани со концептот за урбан дизајн, особено преку инвестиции во повеќе паркови и отворен простор. Камерите и казните споменати во објавите се за неповрзани напори да се сузбијат стари, загадувачки возила во Лондон и други градови, пишува Асошиејтед прес.

Ваквите објави се потпираат на екстремистичките десничарски теории на заговор според кои Светскиот економски форум заговара 15 минутни градови каде слободите и правата на граѓаните ќе бидат сериозно ограничени поради напредните технологии.

Но, принципот на урбан дизајн, нагласува изградба на покомпактни заедници каде што секојдневните потреби можат да се извршат со 15 минутна прошетка. Тие не се наменети за ограничување на движењето и слободите на луѓето наспроти изнесеното во објавата која ја рецензираме.

Планот за подобрување на животната средина на Велика Британија има за цел да ја реставрира природата и да се бори против загадувањето. Планот ја обврзува владата да обезбеди дека секој човек живее на оддалеченост од 15 минути од зелени простори како паркови или реки, езера и други водени површини.

Моментално, 38 проценти од луѓето немаат зелен или син простор на 15 минути од дома. Според планот за наредните 25 години кој беше ревидиран во јануари се воспостави оваа нова цел. Затоа почнуваме нова и амбициозна заложба да работиме во владата и надвор од неа за да осигураме дека секој има зелен или син простор на 15 минути од својата влезна врата, вели за Асошиејтед Прес Ана Калдер, портпаролка на департментот за животна средина, храна и рурални прашања во Велика Британија.

Таа потврдува дека овие напори уште се актуелни и активни и од нив Велика Британија не се откажува. Калдер ја цитира рамката за зелена инфраструктура, сет на правила и стандарди насочени кон планерите и развивачите на заедницата.

Рамката вклучува алатка за мапирање која доби награда, која може да помогне да се идентификуваат места каде зелените простори се најпотребни. Владата веќе ја користеше оваа алатка за да осигура дека фонд од 9 милиони фунти ќе биде насочен кон сиромашни подрачја со ограничен пристап до зелени површини.

Концептот нема врска со инциденти со безбедносни камери

Концептот на 15 минутни градови е, исто така, комплетно неповрзан со камерите и казните кои што се споменуваат во постот кој го рецензираме. Тоа за Асошиејтед Прес го тврди Карлос Рати, професор по урбанизам.

Тие 50 илјади казни споменати во објавата најверојатно се однесуваат на оспорените казни во Бирмингем за неговата зона за чист воздух.

А, тврдењето во објавата што ја рецензираме за камерите, веројатно се однесува на стотици сообраќајни камери од противници на рестрикциите против загадувањето во Лондон, познато како Зона на ултра ниска емисија.

Бирмингем преку својот план за иднината работи на тоа да идентификува населби наречени петнаесетминутни населби, каде зелените простори, училиштата и другите инфраструктурни обележја ќе може да се изградат за да се направи возможно локалното живеење. Но, зоната за чист воздух, која имплицира 8 фунти дневна казна за возила кога тие не ги задоволуваат градските стандарди за емисиите, не е алатка за да се помогне планот за 15 минутни градови. Програмата против загадувањето е со цел да се подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, тврдиТом Паркер, портпарол на градскиот совет на Бирмингем.

Лондон како главен град нема намера да се откаже од својата програма за емисии од возилата, потврдува за Асошиејтед Прес Мет Винфилд, портпарол за транспорт на Лондон.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Англија не се откажува од 15 минутните градови и овој проект е за раззеленување, а не за контрола на населението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...