Гејмерот Тај “Tyleniphe” е првото лице со слепило што успеало да ја заврши Diablo 4

Тај е посветен гејмер и ги играл World of Warcraft и другите игри од серијалот Diablo, при што повторно имал помош од својот другар

Diablo 4 скриншот од играта

Гејмерот Тај “Tyleniphe” е првото лице со слепило што успеало да ја заврши играта Diablo 4 без никаква туѓа помош.

Инаку, играта Диабло 4 има помагала, односно поставки што овозможуваат ориентација во играта за слепите лица. Станува збор за аудио-читачи на текстот на екранот, потоа звук со висок квалитет и звучни предупредувања.

Играчот Tај боледува од атрофија на оптичките нерви предизвикана од хидроцефалус и го има изгубено видот на рана возраст. Тој раскажа како дошол до овој успех.

“Моето патешествие во гејмингот започна кога имав шест години. Бев во болница по операција и кога се разбудив веќе не можев да гледам. Мојот пријател го донесе своето Нинтендо 64 во болницата затоа што навистина сакаше да ги играме Mario Party и Super Smash Bros и некако направивме тоа да функционира. На пример, ми кажуваше каде се предметите сместени во играта, како на пример „Ти си на левата страна од платформата, а Donkey Kong е на десната страна, па треба да го мрднеш џојстикот надесно.” Потоа ги слушав звуците од движењето, скокањето и другите активности на ликовите“, раскажува Тај.

Потоа тој и неговиот другар почнале да развиваат екстензивни менија за пристап и инклузивни дизајни, за да можат и други лица со слепило или оштетен вид да играат игри.

Тај е посветен гејмер и ги играл World of Warcraft и другите игри од серијалот Diablo, при што повторно имал помош од својот другар.

“Мислам дека во гејмингот чекорот напред за достапноста беше играта The Last of us Part 2 пред неколку години. Потоа бевме сведоци за уште еден скок напред со God of War Ragnarok и моето гледиште е дека Диабло 4 го донесе ова на сосема следно ниво. Дали е совршено? Не, но има јасна и очигледна посветеност на достапноста, не само во поглед на надоградбите и поправките за достапноста, вели тој.

Тај има и канал на Discord платформата за комуникација за гејмери.

Достигнувањата на Тај се индикатор дека гејминг индустријата сепак обрнува внимание на тоа лицата со попреченост да можат да уживаат во најновите игри и воедно да играат со свои пријатели.