Ефективноста на вакцините е мерка што покажува колку добро функционира вакцината во заштитата на луѓето против инфекција, симптоматска болест, хоспитализација и смрт. Две студии имаат покажано дека вакцините им даваат дополнителна заштита на оние кои веќе имаат прележано ковид. Според текст на Гардијан од 16 јануари годинава, а кој се темели на резултати од клиничка студија, повеќе од 7 илјади хоспитализации и смртни случаи би можеле да бидат избегнати ако луѓето биле целосно вакцинирани. Според текстот, нецелосно вакцинираните луѓе над 75 години биле два пати повеќе под ризик за сериозен исход од ковид, отколку тие што биле целосно заштитени.