сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: детски градинки | 31 резултати

Донесена одлука за прием во градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина

март 15, 2024

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан вчера, министерот за здравство Илир Демири донел одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза […]

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

март 13, 2024

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде […]

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

февруари 16, 2024

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се […]

Владата одвои 2 милијарди денари за реализација на 66 проекти низ општините

декември 14, 2023

Нови градинки, училишта, патишта и други градежни проекти ќе се реализираат во општините со средства издвоени од државниот буџет. Владата на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје, Центар, […]

Не е само Македонија, и во Германија фалат стотици илјади места во градинките

ноември 28, 2023

Иако во Македонија многумина се жалат на недостигот на места за запишување на деца во градинките, особено во Скопје, оваа негативна состојба не е присутна само кај нас. И покрај законската обврска, во Германија недостигаат 430.000 места во градинките, покажало истражување што го пренесува германската новинска агенција ДПА. Иако понудата на места во градинките расте, […]

Шахпаска: Со инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат

декември 2, 2021

Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, за слепите и лицата со оштетен. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За роднините што се грижат за лица со попреченост државата ја […]

Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

ноември 10, 2021

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) одржала работен состанок, на кој се предложени промени во исхраната на децата во градинките и стандардите за неа. Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна […]

Шахпаска: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 отсто

август 16, 2021

Бројот на вакцинираните вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 отсто. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје. Оваа средба со директорите на градинките се организира во пресрет на […]

Шахпаска: Состојбата со ковид-19 во градинките е стабилна, очекуваме зголемување на групите

мај 5, 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на дневно ниво ја следи состојбата со пандемијата со ковид-19 во градинките. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот. Според досегашните информации, минимален е бројот на заболени деца од корона вирус и не бележи тенденција на раст. Ова денеска го […]

Минатата недела 9 деца и 40 вработени во градинките биле позитивни на ковид-19, 482 деца се во изолација

октомври 26, 2020

Од отворањето на градинките на 9 септември досега ковид-19 позитивни се вкупно 26 деца и 83 вработени во градинките, што претставува збирна бројка, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. „Минатата недела од 17 до 25 октомври има нови позитивни 9 деца и 40 вработени во градинките. Во моментов 482 дечиња и […]

Минатата недела 6 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на ковид-19, 309 деца се во изолација

октомври 19, 2020

Од отворањето на градинките досега имало 18 деца и 55 вработени лица што биле позитивни на тестирањето за ковид-19. Евидентно е дека последниве две недели нивниот број се зголемува, истакна денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. „За периодот од 9 до 16 октомври имаме дополнителни 6 дечиња и 21 вработен во градинките […]

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

октомври 16, 2020

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под […]

Досега 47 деца и 14 вработени во градинки се заразени или во изолација поради ковид-19

септември 29, 2020

Изминаа три недели откако започнаа со работа градинките во државава, а веќе одреден број на дечиња и вработени се заразени со корона вирус или се во домашна изолација поради симптоми. Како што информира министерката за труд и социјална заштита Јагода Шахпаска: „Од отворањето на градинките досега, 47 деца и 14 вработени се во изолација поради […]

Родители на 14.555 деца досега покажале интерес за прием на нивните деца во градинка

септември 15, 2020

Од вкупниот капацитет на детските градинки од 19.000 деца, досега родителите на 14.555 деца покажале интерес нивните деца да посетуваат градинки, покажуваат податоците на Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска денеска изјави дека дел од родителите што ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка. Од тие причини, ова министерство […]

Од 23 септември се враќаат на работа сите категории вработени кои досега беа ослободени

септември 14, 2020

Од 23 септември вработените лица кои се ослободени од работа, врз основа на утврдената листа на хронични болести, треба да се вратат на своите работни места и редовно да ги извршуваат работните задачи, одлучи Владата на денешната седница. Исклучок од оваа обврска се само лицата кај кои болеста е во фаза на влошување, и  оние […]

Владата одлучи градинките да се отворат на 9 септември

септември 2, 2020

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитување на деца – детски градинки/центри за ран детски развој, кое се планира да почне на 9 септември, информираат од владината прес-служба. Во наредните денови, градинките низ целата земја се должни да се подготват за работа. „Согласно […]

Владата додели пари за подготовките за новиот Клинички центар

ноември 6, 2019

Вкупно 14,4 милиони денари (234.000 евра) на својата вчерашна, 162. седница додели Владата на Општина Ѓорче Петров за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за местото Веле Поле, каде што треба да се гради новиот Клинички центар. Исто така, прифатена била Информацијата на […]

Инспекторите затвориле два училишни тоалети и две сали поради лоша хигиена

август 6, 2019

Од 308-те училишта и 114-те детски градинки во кои биле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), дури во 156 биле утврдени различни недостатоци во врска со хигиената на тоалетите и другите простории.  „Мета.мк“ побара информации од ДЗСИ за состојбата со хигиената во училиштата и во градинките, а според она што го добивме како […]

Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили

јануари 10, 2019

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје. Прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот, нагласува дека ова не се регистрирани случаи, туку за нив допрва ќе следат лабораториски анализи и испитувања, а потоа ќе види дали ќе бидат потврдени случаи или не. – Сомнителните случаи се […]

По примањето МРП вакцина, детето може во градинка, но подобро 10 дена да остане дома

јануари 4, 2019

Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубела и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома. Иако […]

Страна 1 од 2