fbpx

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните случаи меѓу вакцинираните може да се атрибуираат на вакцините, а никако на 17 милиони во светски рамки

-

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните случаи меѓу вакцинираните може да се атрибуираат на вакцините, никако 17 милиони во светски рамки. Студија објавена во јуни 2022 во Лансет покажа дека во првата година од почетокот на вакцинацијата, вакцините спасиле 19,8 милиони животи низ целиот свет, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

17 МИЛИОНИ ПОЧИНАЛЕ од ковид ИНЈЕКТИРАЊЕТО. (2мин видео) Проф – Бред Вандстајн. (Податоците се од конференција одржана во Романија).
 Можите да ги игнорирате фактите, но не и последиците.

Во склоп на објавата се споделува видео на кое Такер Карлсон разговара со доктор Бред Вандстајн и каде Вандстајн тврди дека „на конференција во Романија слушнал за кредибилна проценка од 17 милиони смртни случаи на глобално ниво од оваа технологија која е опасна (ковид вакцината)”.

Проверувачите на факти на Франс прес, пишуваат дека не е точно дека вакцината против ковид-19 убила 17 милиони луѓе на светско ниво.

Јавните здравствени власти велат дека вакцината против ковид-19 спасува животи, но канадски извештај кој се шири на социјалните мрежи проценува дека вакцините убиле 17 милиони луѓе на глобално ниво. Ова е невистина. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смтните случаи меѓу вакцинираните може да се атрибуираат на вакцините, пишува Франс прес.

Како доказ за ова тврдење дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од 17 септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”. Трудот кој не е прегледан од заедницата, ја анализира смртноста од кои било причини и вакциналните стапки во 17 држави и тврди дека вакцините против ковид убиваат еден на 800 луѓе што ќе ги примат.

Тарик Јашаревиќ, портпарол на Светската здравствена организација за Франс прес вели дека овие тврдења се неточни.

Амеш Адаља, професор на „Џонс Хопкинс“ универзитетот за здравствена безбедност се согласува и тврди дека ваквите тврдења се големо испревртување на вистинските податоци.

Смртноста од која било причина е веројатно и поради коронавирусот во одредени периоди и нема никаква врска со кампањите за бустери, вели тој за Франс прес.

Организацијата што го направила истражувањето тврди дека во земјите што се анализирани во нивниот извештај, немало поврзаност меѓу вакцинацијата против ковид и пропорционалното намалување на смртноста од која било причина. Групата го базира овој заклучок на бројки од World Mortality Dataset, Our World in Data и некои други регионални извори. Авторите точно забележуваат дека прекумерната смртност пораснала во 2022 година после ковид вакцинацијата.

Но, Оливер Ватсон, истражувач од Училиштето за јавно здравје на „Империјал Колеџот“ во Лондон за АФП вели дека наместо да докаже дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат смрт, извештајот само „го корелира вакцинирањето со зголемувањето во смртноста“, без да ги земе предвид другите настани што може да придонесуваат за ова зголемување на смртноста.

На пример, тие вклучуваат бројки од земји каде имаше нула ковид, како на пример Сингапур и Нов Зеланд, кои имплементираа строги карантини кои го превенираа ширењето на ковид-19. Овие земји, откако добија висока покриеност со вакцини, ги намалија овие карантини и потоа имаа раст во смртноста од ковид-19 и смртноста, бидејќи вакцините не се стопроцентно ефективни, ниту пак, во овие земји имаше стопроцентна вакцинална покриеност, вели тој за АФП.

Австралија, уште една земја која имаше „нула ковид стратегија” имала значителна прекумерна смртност на крајот на 2021 година по појавата на омикрон.

Тара Мориарти од Универзитетот во Торонто вели дека истражувањето се однесува само на јужната хемисфера каде смртноста од која било причина била висока уште пред да се појават вакцините против ковид-19.

Тој тренд продолжил после појавата на вакцините во САД и Европа бидејќи многу земји немаа пристап до вакцините, додава таа.

Исто така, имало неколку глобални пикови на прекумерната смртност за време на пандемијата со коронавирус, за кои Франс прес пишува дека е одговорен коронавирусот, а не вакцините.

Вакцините ја намалија смртноста минатите две години, вели Ричард Ватанабе професор по јавноздравствени науки на Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Студија објавена во јуни 2022 во Лансет покажа дека во првата година од почетокот на вакцинацијата, вакцините спасиле 19,8 милиони животи низ целиот свет. Податоците од американските центри за контрола на болести покажуваат дека тие што примиле бустери имаат помали шанси да починат од ковид-19, отколку тие што не се вакцинирани.

Од друга страна, потврдени смртни случаи како резултат на вакцината се реткост.

На пример во Австралија, идентификувани се 14 смртни случаи најверојатно поврзани со вакцините од повеќе од 68 милиони администрирани дози, пишуваат проверувачите на факти на Франс Прес.

Многу е важно дека нема кредибилни докази кои покажуваат дека вакцините против ковид-19 придонеле за прекумерната смртност во Австралија. Бројот на администрирани дози во 2022 година беше половина од дозите дадени во 2021 година, што јасно укажува дека нема временска врска меѓу вакцинацијата и прекумерната смтност, вели портпаролката на Администрацијата за терапевтски добра за АФП.

Во меѓувреме во Јужна Африка, здравствените власти нашле три смртни случаи од ковид-19 вакцини, а администрирани биле 38 милиони дози.

Нема докази дека вакцината е одговорна за прекумерната смртност во Нов Зеланд. Јавно достапните податоци покажуваат дека 4 смртни случаи во Нов Зеланд се потенцијално поврзани со несакани реакции после вакцинација против ковид-19, изјави Кристијан Марчело, административец за набљудување во јавната здравствена агенција Te Whatu Ora за АФП.

Националните здрвствени власти и СЗО ги мониторираат ретките несакани ефекти од ковид вакцините како тромбоза и тромбоцитопенија и миокардитис.

Центарот за контрола и превенција на болести вели дека тие кои ќе се вакцинираат немаат поголем ризик од смрт од други причини освен ковид, отколку невакцинираните.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...