fbpx
Таг: нуспојави

таг: нуспојави

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните...

ХПВ вакцината е безбедна и не предизвикува стерилитет

Нема докази за стерилитет предизвикана од ХПВ вакцината. Вакцината е тестирана и одобрена од ФДА (Агенција за храна и лекови во САД ) и е препорачана од медицински и лекарски здруженија во над 120 земји. Вакциналниот профил на оваа вакцина во Македонија е поволен и безбеден. ХПВ типовите 16 и 18 се најчести причинители на ракот на грлото на...

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека...

Синдромот „ненадејна смрт“ не е поврзан со вакцинацијата

Постот дезинформира дека вакцинацијата предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот на ненадејна смрт - САДС. Инциденцата на ковид-19 е тесно поврзана со зголемена инциденца на ненадеен срцев удар и пониски стапки на преживување. Всушност, Фондацијата за синдром на ненадејна аритмија им препорачува на сите пациенти со САДС да добијат вакцини против ковид-19. Вакцините против ковид не се поврзани...

Нема забрана пилотите да работат ако се вакцинирани, поради можност од тромб или срцев удар

Од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), која претставува 290 авиокомпании ширум светот, вклучително и најголемата руска авиокомпанија Аерофлот и најголемата шпанска авиокомпанија Ајбериа, за новинската агенција АФП изјавиле дека не се запознаени дека било која авиокомпанија „размислува да не дозволи патување на вакцинирани патници поради ризик од згрутчување на крвта“. ИАТА пишува дека прашањето на превентивност поради ризик...

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува...

Нема докази дека синдромот од кој страда Џастин Бибер е поврзан со вакцината против ковид

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор...

Лага е дека вакцините против ковид-19 се штетни за трудниците и за плодот

Лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 се штетни за бремените жени и нивните бебиња не се нови и тие се провлекуваат за време на целата пандемија на коронавирусот, заедно со другите теории на заговор поврзани со вирусот и вакцините. Научните и медицинските факти покажуваат дека вакцинацијата е единствената опција со која може да се минимизираат здравствените ризици, особено кај...

Вистиномер: Нема докази дека Џастин Бибер се парализирал поради вакцината против ковид-19

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност дали тој воопшто бил вакциниран. Освен тоа, доколку причината за...

Вистиномер: Со невистинито, изменето видео, се манипулира дека директорот на „Фајзер“ сака да ја намали светската популација

Видеото споделено во постот што го рецензираме е изменето и во него се претставуваат невистинити факти, односно се додаваат зборови кои директорот на Фајзер не ги кажал. Во неизменетата верзија, Бурла не споменува никакви планови за елиминација на половина од човечката популација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук...

Не е вистина дека во Србија никој не ги контролира вакцините

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...