Се превртела цистерна со плин во Битолско

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека претпладнево во Битолско се превртела цистерна со плин. Според досегашните информации, нема поголема опасност за населението.

Сообраќајката се случила пред 9:30 часот во близина на битолското село Вашарејца. На местото на несреќата интервенирале четиримина пожарникари, а на увид излегла екипа на СВР Битола. Се чека механизација за да се подигне и одвезе цистерната.

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола.