Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“, со мултиетничка тематика

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“)

Сцена од филмот „И покрај се“. Извор на фотографија: Креативен центар „Тинтири Минтири“

Во периодот до 17 март 2024 година ќе се снима мултиетничкиот краток филм „И покрај сè“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје, а премиерно ќе биде прикажан во април.

Филмот е во режија на м-р Кузман Кузмановски, а директор на фотографија е Филип Кондовски. Главните улоги ги толкуваат Бехреда Решит, Петар Мароски, Ива Илијевска, Бора Јовановска и Идеал Селмани, а во споредни улоги се јавуваат десетина млади таленти.

Филмот е во продукција на Здружението на граѓани Креативен Центар Тинтири Минтири.

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“).

Во период од шест месеци преку низа работилници и филмска обука, триесетина млади на возраст од 14 до 18 години добија обука во филмската сфера и остварија соработка со своите врсници од различно етничко потекло. Како краен резултат од оваа соработка се снима краткиот филм „И покрај сè“ кој ќе биде прикажан во кино и на телевизија.