Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе, без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата

Eден од стиповите изработен од ученици. Фото: Стрип центар на Македонија-Велес

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот програмски координатор и едукатор, истите ќе ги доработат и усовршат.

Еден од стриповите што го изработил ученик. Фото: Стрип центар на Македонија-Велес

Од подготвените дела ќе се публикува соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори.

Срип-рабoтилниците се дел од активностите на Стрип центарот на Македонија-Велес, во рамки на проектот „All we are saying is give inclusion a chance!“. Во тек е вториот повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд, во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе, без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

На крајот е предвидено да се организираат и пет изложби низ државата.

Освен делата од оваа стрип работилница, ќе бидат претставени и најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема. Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро.