fbpx

Лажно тврдење дека Џо Бајден е мртов и заменет со брат близнак, кој не постои

Џозеф Робинет Бајден Јуниор е роден на 20 ноември 1942 година во Пенсилванија. Џејмс и Френк се двајцата браќа на Џо Jуниор, а Валери е неговата сестра. Според веродостојни извори, Бајден нема брат близнак, уште помалку има брат Бо

-

Со помош на Google Image Reverse Search, нашиот тим откри дека видеото не ја прикажува Наоми Бајден. Видеото ја прикажува Кас Теаз, позната креаторка на содржини на ТикТок. Со илјадници следбеници, Теаз јасно укажува во нејзината биографија на ТикТок дека нејзиниот профил е сатиричен. Теаз физички не наликува на Наоми Бајден, вистинската внука на Џо Бајден, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека американскиот претседател Џо Бајден бил убиен во 2019 година и дека бил заменет со неговиот брат близнак. Објавата се повикува на наводна изјава на внука на Бајден.

Внуката на Џо Бајден. Мојот дедо е убиен 2019 година.

Во коментарите под објавата е споделено и видео од млада девојка која вели дека нејзиниот дедо, претседателот Џо Бајден, починал пред четири години. Нејзиното семејство сакало да ја задржи својата политичка моќ во американската влада, посочува таа, па „штотуку го заменивме Џо со неговиот брат близнак Бо“.

Видеото станало актуелно на социјалните мрежи во септември 2022 година и се уште може да се погледне, на пример, тука.

Вистиномер го истражи тврдењето и откри дека е сатирично. На видеото не се гледа како внуката на Џо Бајден вели дека нејзиниот дедо умрел пред четири години, а бил заменет со близнак.

Со помош на Google Image Reverse Search, нашиот тим откри дека видеото не ја прикажува Наоми Бајден.

Имено, видеото ја прикажува Кас Теаз, позната креаторка на содржини на ТикТок. Со илјадници следбеници, Теаз јасно укажува во нејзината биографија на ТикТок дека нејзиниот профил е сатиричен.

Теаз физички не наликува на Наоми Бајден, вистинската внука на Џо Бајден.

Нашиот тим не можеше да го лоцира предметното видео на сметката на креаторот, но Кас Теаз има објавено неколку други сатирични содржини поврзани со Џо Бајден.

Дека видеото е сатирично и дека девојката во него нема никаква врска со американскиот претседател уште во 2022 година утврдиле и светските сервиси за проверка на фактите како Ју-ес-еј тудеј, Верифај дис, Политфакт, Мисбар.

 

Дали Џо Бајден има близнак?

Џозеф Робинет Бајден Јуниор е роден на 20 ноември 1942 година во Пенсилванија. Џејмс и Френк се двајцата браќа на Џо Jуниор, а Валери е неговата сестра. Според веродостојни извори, Бајден нема брат близнак, уште помалку има брат Бо.

Не е првпат да се шират лажни вести и теории на заговор дека Бајден е мртов и заменет со негов двојник или клон. Вистиномер досега има дебанкирано неколку вакви информации (тука, тука, тука, тука, тука).

Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето. Овие тврдења не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот.

Поради сето горенаведено, оценуваме дека тврдењето оти внуката на Џо Бајден, Наоми Бајден, рекла дека нејзиниот дедо починал пред четири години и бил заменет со неговиот близнак, е неточно. Видеото е создадено како сатира и тоа не ја прикажува Наоми Бајден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...