fbpx
Таг: Кју Анон

таг: Кју Анон

Пропаганда: Неосновано величење на Трамп како спасител на деца од мрежа на педофили

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи на Трамп, припадници на движењето Кју анон, каков што е и профилот на лицето кое...

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти....

Големиот ресет нема да доведе до смртна казна и судења за неговите промотори

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција...

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат...

Не постојат полициски командири фатени зашто наредувале казни за неносење маска, освен во фантазиите на Кју анон

Постот што го рецензираме  шири дезинформации и има конспиративен призвук што произлегува од употребата на буквата „Q“ (кју) на крајот од објавата – препознатлив симбол на Кју анон теоријата на заговор. Нафрленото тврдење во постот дека присилното носење маска е кривично дело,  не е точно. Носењето маска во одредени периоди на пандемијата беше задолжително, дури и на отворен простор....

Не е вистина дека Мел Гибсон изјавил оти „Холивуд е болен, а властите јадат месо од бебиња и пијат крв“

Портпаролот на Мел Гибсон, пренесе Ројтерс, изјавил дека изнесените тврдења се 100 проценти лажни. Порталот за проверка на факти Раскринкавање наведува дека првпат оваа лажна изјава со наводното шокирање на светот и за наводниот развратен Холивуд, е објавена на 30 ноември 2017 година. Во регионот, вклучително и во Србија, бројни портали го имаат објавено текстот чиј наслов се споделува...

Прилог на Фокс њуз злоупотребен за да се промовира теоријата на заговор на Кју анон

Во видеото споделено во постот што го рецензираме не е прикажан телевизиски прилог во кој Фокс њуз известува за гласачки ливчиња кои биле дел од операција за изборна измама. Ниту пак, во прилогот се известува дека Бајден се апси и приведува и дека како измамници ќе живеат во наредните денови во Гвантанамо и дека ќе се соочат со воен...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително...

Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус

Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик.  Нема научна поткрепа за...

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп. Не постојат докази за никакви киднапирања на деца, а уште...

Нема докази за воени бази што складираат храна и пијалоци за населението од целиот свет

Подземните тунели се „опсесија“ на поддржувачите на теориите на заговор, кои иако никогаш официјално не се откриени, ја пласираат дезинформацијата на социјалните мрежи. Следбениците на Кју Анон користат компилации од фотографии со ниска резолуција од објекти кои не само што немаат никаква врска со пронаоѓање на тони и тони храна и пијалоци, туку и се во приватна сопственост, пишува...

Вистиномер: Кју Анон поддржувачите шират измислици дека Бајден и неговата сопруга се клонови

Тврдењата за наводен двојник на американскиот претседател Џо Бајден и на неговата сопруга Џил не се втемелени во реалноста и во фактите, туку се производ на бујна фантазија испреплетена со заговорнички приказни на Кју движењето за наводна контрола и доминација на светот од страна на длабоката држава и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп како спасител на светот од...