fbpx

Не е вистина дека Мел Гибсон изјавил оти „Холивуд е болен, а властите јадат месо од бебиња и пијат крв“

-

Портпаролот на Мел Гибсон, пренесе Ројтерс, изјавил дека изнесените тврдења се 100 проценти лажни. Порталот за проверка на факти Раскринкавање наведува дека првпат оваа лажна изјава со наводното шокирање на светот и за наводниот развратен Холивуд, е објавена на 30 ноември 2017 година. Во регионот, вклучително и во Србија, бројни портали го имаат објавено текстот чиј наслов се споделува во постот што го рецензираме, а дел од нив потоа објавија и исправка – дека станува збор за лажна вест и изјава која Мел Гибсон никогаш не ја дал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Дефинитивно ја обелодени вистината за властите од сенка и глобализациско сатанскиот светски поредок во заминување. 

Потоа се споделува принтскрин од напис во кој се вели дека Мел Гибсон го шокирал светот со тоа што изјавил дека Холивуд е болен, а властите се болни зашто јадат месо од бебиња и пијат крв.

Оваа изјава која му е атрибуирана на Мел Гибсон е измислена и фабрикувана. Текстот од кој што се споделува само насловот во постот кој го рецензираме е пообемен и претставува поширока верзија на теоријата на заговор Кју Анон, објавена за првпат на порталот познат по ширење лажни вести „Your News Wire”.

Портпаролот на Мел Гибсон, пренесе Ројтерс, изјавил дека изнесените тврдења се 100 проценти лажни.

Порталот за проверка на факти Раскринкавање наведува дека првпат оваа лажна изјава со наводното шокирање на светот и за наводниот развратен Холивуд, е објавена на 30 ноември 2017 година. Во регионот, вклучително и во Србија, бројни портали го имаат објавено текстот чиј наслов се споделува во постот што го рецензираме, а дел од нив потоа објавија и исправка – дека станува збор за лажна вест и изјава која Мел Гибсон никогаш не ја дал.

Оригиналната приказна објавена во Your News Wire содржи тврдење дека Мел Гибсон наводно зборувал за разоткривање на холивудски педофили во емисија на телевизија, што никогаш не се случило. Во прилог на фактот дека овој глумец не изјавил ништо слично на тоа дека властите се болни, зошто јадат месо од бебиња и пијат крв, е и тоа што, кога навистина Гибсон би дал таква изјава на телевизија, таа би била една од главните светски вести, што не е случај.

Оваа лажна измислена изјава во постот е споделена на српски јазик, јазик што го разбираат луѓето од голем број држави во регионот, па на овој начин се зголемува и бројот на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук кои можат да бидат изманипулирани. Гибсон никогаш не ја опишал забавната индустрија ниту елитите, ниту властите, како непријатели на човештвото кои се хранат со месо од бебиња и пијат крв.

Наративот дека светот е контролиран од страна на елити во сенка, односно дип стејт, во Кју Анон теоријата на заговор е еден од постулатите односно стандардите врз кои се темелат еден куп други лажни наративи, меѓу кои и тоа дека во светот има педофилска мрежа, убивање и киднапирање на деца за адренохром и речиси секогаш во фантазијата на авторите е вклучена и небулозата дека елитите пијат непостоечки во реалноста, еликсир на младоста, наречен адренохром, за да бидат млади. За ништо од ова не постојат докази.

Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Според теоријата, владин агент таканаречен Кју, е извор на нови и нови информации за длабоката држава и нејзините тајни, како наводното постоење на мрежа од луѓе која пие крв од деца.

Кју теоретичарите на заговор, одат дотаму што велат дека либералната елита и холивудските ѕвезди конзумираат адренохром за да останат млади, повторно пласирајќи дезинформација без основа.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...