fbpx

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

-

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат по ширење теории на заговор и од кој честопати одекнуваат тези коишто јасно се профилираат и препознаваат како ставови на поддржувачите на теоријата на заговор Кју анон. Странски проверувачи на факти не пронајдоа никакви докази за да се поткрепат тврдењата за масовни апсења, ни во медиумите ни од официјални извори, вклучително Белата куќа и полицијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе. Спречен од Трамп. Војската апсеше во локдаун.

За овие бомбастични, но фактички сиромашни и математички неиздржани тврдења, дека некој сакал да убие 6.5 милијарди луѓе, ама бил спречен од Трамп и од некаква војска која апсела во локдаун, нема никакви докази. Не само што нема докази, туку и не се открива кој и на каков начин се обидел да убие 6.5 милијарди луѓе, што претставува огромен дел од светската популација која моментално брои 8 милијарди луѓе. 

Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат по ширење теории на заговор постојано, од почетокот на пандемијата, продолжувајќи во периодот на вакцинацијата против ковид-19 и сè до денеска. Станува збор за профил од кој честопати одекнуваат тези коишто јасно се профилираат и препознаваат како ставови на поддржувачите на теоријата на заговор Кју анон, за која пишуваат многу светски медиуми, а и Вистиномер има направено пресек од огромниот мозаик на различни невистини и чудни непоткрепени тези во склоп на Кју Анон.

Кога во постот се тврди дека војската апсела во локдаун, не е јасно како тоа би можело да биде од помош да не се убијат (хипотетички 6.5 милиjaрди луѓе). Локдаун имаше на почетокот на пандемијата кога немаше вакцини против ковид-19 и кога коронавирусот преставуваше здравствен ризик од интернационални размери. Во такви услови, самите заклучувања придонесуваа да нема близок контакт меѓу луѓето, да не може да се шири вирусот, се работеше од далечина, имаше воведено полициски час и останати рестрикции во насока на тоа да се спречи или забави ширењето на вирусот. Самото тоа не би можело на ниеден начин да претставува основа за да се убиваат луѓе, од причина што на таков начин се намалуваше брзината на трансмисија на вирусот. Во јавноста и медиумите воопшто не беа презентирани никакви информации за апсења во локдаун. Постот е неодреден, затоа што е фактички небазиран на докази ниту на логика.

Уште на 22 јануари 2021 година проверувачите на факти на Ројтерс се занимаваа со небулозите на поддржувачите на Кју анон, меѓу кои и тоа дека моќта била пренасочена кон војската наместо од Трамп кон претседателот Џо Бајден, и дека имало масовни апсења. Во морето нелогичности, поддржувачите на Кју анон одеа дотаму што дезинформираа дека Бајден не е претседател и дека Трамп ќе се врати на власт на 4 март. Сето ова претставува невистина.

Ројтерс не пронајде никакви докази за да се поткрепат тврдењата за масовни апсења ни во медиумите ни од официјални извори, вклучително Белата куќа и полицијата.

Ова е тврдење на поддржувачите на Кју Анон кое е непоткрепено и неосновано, пишува во текстот на Ројтерс.

Слични тврдења дебанкираа и проверувачите на факти на Политифакт.

Не е вистина дека болеста ковид-19 е  испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 постои, појавата на мутации е нормална и очекувана.

Впрочем, оваа пандемија не е прва во светот, човештвото памети и други пандемии предизвикани од вируси и во минатото. Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето.

SARS- CoV-2 претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-корона вируси. Сите хумани бета-корона вируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и нивната сериозност.

Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но, исто така, е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал што тој го содржи.

Вирусот и не е толку невидлив. Постојат фотографии направени со електронски микроскоп на изолирани вирусни партикли од заболен пациент, со кои и визуелно се докажува постоењето на овој вирус, како причинител на ова заболување.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...