fbpx
Таг: QAnon

таг: QAnon

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат...

Прилог на Фокс њуз злоупотребен за да се промовира теоријата на заговор на Кју анон

Во видеото споделено во постот што го рецензираме не е прикажан телевизиски прилог во кој Фокс њуз известува за гласачки ливчиња кои биле дел од операција за изборна измама. Ниту пак, во прилогот се известува дека Бајден се апси и приведува и дека како измамници ќе живеат во наредните денови во Гвантанамо и дека ќе се соочат со воен...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително...

Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус

Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик.  Нема научна поткрепа за...

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп. Не постојат докази за никакви киднапирања на деца, а уште...

Вистиномер: Кју Анон поддржувачите шират измислици дека Бајден и неговата сопруга се клонови

Тврдењата за наводен двојник на американскиот претседател Џо Бајден и на неговата сопруга Џил не се втемелени во реалноста и во фактите, туку се производ на бујна фантазија испреплетена со заговорнички приказни на Кју движењето за наводна контрола и доминација на светот од страна на длабоката држава и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп како спасител на светот од...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...