Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, а 960 тони отпад се веќе извезени во Франција. Спакувана е и контаминираната почва извадена од исчистениот дел од депонијата во седум метални контејнери. Од нив три се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите четири чекаат да се извезат исто така во Германија.
Според информациите од Државниот инспекторат за животна средина, вчера во индустрискиот капацитет државните инспектори за животна средина извршиле редовна контрола на активностите за чистење на опасниот отпад.
„Исчистените два дела на малата депонија, остануваат во заштитниот балон и се покриени со најлонска фолија. Во моментот на локацијата не се вршат никакви активности, а деловите еден и два се целосно исчистени, а 960 тони отпаден линдан се извезени во Франција, информираат од ДИЖС.