fbpx

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплавите во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во федеративната република, траат веќе една недела, а обилните дождови не престануваат

-

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како исчезнати, а повеќе од 115.000 лица се раселени како последица на уништувањето на нивните домови.

Обилни дождови ја нанесоа поплавата, кои сè уште го повишуваат водниот столб во регионот. Силни дождови беа забележани во две третини од речиси 500 градови во регионот. Градови како Лажиаду се целосно поплавени.

„Никогаш претходно во историјата на Бразил немало толкаво количество дожд на една локација“, изјави бразилскиот претседател Лула.

Спасувачките екипи пружат максимални напори за да ги спасат жителите на Рио Гранде ду Сул, дури користејќи џет-ски возила за да се движат низ поплавените улици.

Поплавите оштетија патишта, мостови, како и дел од брана на хидроелектрана.

Сепак, метеоролошките институти во Бразил предвидуваат дека иако ќе продолжат обилни дождови, нивниот интензитет ќе се намали во текот на следните денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...