Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ од јануари годинава, пари кои потоа биле префрлени на трансакциската сметка за изборната кампања. Станува збор за 746 лица кои дале донации во различни износи

-

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на 8 мај, покажува извештајот на коалицијата „Твоја Македонија“ поднесен до Државниот завод за ревизија.

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ од јануари годинава, пари кои потоа биле префрлени на трансакциската сметка за изборната кампања. Станува збор за 746 лица кои дале донации во различни износи – дел донирале по 5 илјади денари, дел по 10.000 денари, но најголемиот број се донации во износ од 60.000 или 100.000 денари. Највисоката сума донирана сума е 400.000 денари или 6.504 евра од страна на Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

На листата донатори се и три фирми – Номадис ДООЕЛ со донација од 600.000 денари, Пијанец-Град ДПТУ ДООЕЛ со 65.000 денари и ДПТТУ Дамев Логистик ДООЕЛ со 65.000 денари.

Коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, пак, пријавила скромни донации од 59 илјади денари во првите 11 дена од кампањата, што не е речиси ниту 1.000 евра. Фирмата Алекс Турс, според првиот извештај, донирала 49.815 денари, а само две физички лица донирале вкупно 9.225 денари.

Фото: Мета.мк

„Европски фронт“ предводен од ДУИ прикажале дека 130.000 евра во првите 10 дена од кампањата се пренесени од основната трансакциска сметка од партијата. За закуп на простор пак, биле потрошени 82.000 денари.

Движењето ЗНАМ пријавило дека 18.04 до 27 април имало расходи од 849.747 денари (околу 13 илјади евра) за изборната кампања во првите 10 дена, од кои 619.352 денари се пари обезбедени за објавување на платено политичко рекламирање. Движењето ЗНАМ нема пријавено донации од физички и од правни лица.

Принтскрин, извештај на движењето ЗНАМ поднесен до ДЗР

Коалицијата ВЛЕН пријавила дека седум физички лица донирале за кампањата во првите 10 дена – пари во вкупна вредност од 745.000 денари или 12 илјади евра.

Политичката партија Левица, пак, пријавила дека само едно физичко лице, Душко Мургоски, донирал 2.000 денари и тоа е единствениот приход на партијата во првите 10 дена од кампањата.

Политичката партија ГРОМ, пак, пријавила донации од една фирма – Инвестра Скајлукс, која во еден наврат донирала 100.000 денари, а во вториот наврат 200.000 денари, со што партијата имала приход од нецели 5 илјади евра во првите 10 дена од кампањата.

Според Роковникот, финансиските извештаи (со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро-сметката) на учесниците во изборната кампања до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се доставуваат во следниве рокови: на 11. ден од изборната кампања, односно 28 април, како и во рок од еден ден по завршувањето на кампањата, односно 7 мај, за примени донации за изборна кампања. Вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите се доставува веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на затворање на трансакциската сметка.

Исто така, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни да поднесат извештај до Министерството за финансии, ДИК, ДЗР и ДКСК, за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања, најдоцна до 21 мај.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...