четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: изборна кампања | 94 резултати

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

6 мај 2024

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на 8 мај, покажува извештајот на коалицијата „Твоја Македонија“ поднесен до Државниот завод за ревизија. Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската […]

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

22 април 2024

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година и започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за […]

Ветувања, кампањи, програми, билборди – седумтемина претседателски кандидати ја почнаа кампањата

4 април 2024

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи и Арбен Таравари ја започнаа претседателската кампања за изборите кои ќе се одржат на 24 април. Седумтемина кандидати ги презентираат програмите, отвораат изборни штабови, делат ветувања. Најголемиот дел од нив ја потенцираат европската иднина на земјава и ветуваат дека ќе водат чесна […]

Над 1000 институции не доставиле податоци за службени возила согласно Изборниот закон

1 април 2024

Државната комисија за спречување на корупцијата ја објави листата на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила. Станува збор за 1069 институции, меѓу кои и Град Скопје, Министерството за политички систем, Министерството за животна средина, за […]

Бугарското МНР го повикало македонскиот амбасадор да реагира за „неточни тврдења на политичари“

7 март 2024

Бугарското министерство за надворешни работи (МНР) го повикало на средба македонскиот амбасадор во Софија, како што велат, „во врска со неодамнешните јавни коментари“ на овдешни политичари кои ширеле „неточни тврдења“, но не прецизираат за кого точно станува збор. Оттаму посочуваат дека постојано поддржуваат конструктивен тон и се воздржуваат од коментари. Тоа го прават, како што […]

Контраспин: Барањето за 61 пратеник и „потполниот хаос“, се однапред пласирано алиби на Мицкоски

7 март 2024

Нагласувањето на потреба од 61 пратеник за успешно владеење и истакнување на хиперболизираната политичка реторика дека „државата е во потполн хаос“, и дека „ништо не функционира“, нема поткрепа во реалноста и во суштина се спинови. Тие повеќе служат како со време кажано алиби на Мицкоски за евентуален утрешен застој, или неуспех да се испорача ветеното […]

ДЕБАТА: Државното финансирање на медиуми да не се повтори, лошо влијае на новинарството

26 септември 2023

Државното финансирање на медиумите во минатото придонело за нагло влошување на квалитетот на новинарството, бидејќи клинтелизмот на тој начин најотворено влегува во односот меѓу државата и медиумите. Ова беше потенцирано на денешниот настан „Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства“ што го организираше Институт за демократија денеска во хотелот Панорамика во Скопје. На настанот […]

Ревизорите бараат учесниците на изборите до 4 ноември да достават извештај за трошоците во кампањата

2 ноември 2021

На веб-страницата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) засега се објавени само седум извештаи, а до ревизорите најдоцна до 4 ноември сите учесници во изборната кампања треба да достават Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборната кампања. Овој извештај до ревизорите треба да го покрие периодот од денот […]

Ревизорите бараат да се запре исплатата на буџетски пари за изборната кампања на учесниците кои не ги откриваат донаторите

22 октомври 2021

Дури 84 од 122 учесници во изборната кампања на локалните избори во земјава не доставиле Извештаи во законски пропишаниот рок или со законски пропишаната содржина до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Поради ова, ревизорите поднесоа предлог до Државната изборна комисија (ДИК) за запирање на исплатата на средствата од државниот буџет за надомест на трошоците за […]

Мендух Тачи дел од група што уништувала изборни реклами во Тетово?

30 септември 2021

Пратеникот и претседател на партијата ДПА, Мендух Тачи синоќа од полицијата бил легитимиран како вози автомобил, во кој се превезувале лица осомничени дека оштетиле изборен рекламен материјал на неколку локации во Тетово, пишува Порталб.мк. Од МВР за Порталб.мк го потврдуваат случајот. Според полицијата, синоќа (30.09.2021 г.) околу 2 часот по полноќ во СВР Тетово било […]

Започна изборната кампања за локалните избори

27 септември 2021

Политичките партии и независните кандидати за градоначалници и општински совети ќе имаат 19 дена за да ги убедат граѓаните постари од 18 години да излезат на гласање и да го дадат гласот за нив. Денеска започна изборната кампања, која ќе трае до 15 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го заклучи Избирачкиот список, а на […]

Талат Џафери ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 17 октомври

7 август 2021

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори во земјава, кои е предвидено да се одржат на 17 октомври. Изборната кампања за избор на новите состави на општинските совети и новите градоначалници на општините и Градот Скопје ќе започне три недели пред денот на изборите. Инаку, собранискиот спикер ги распиша локалните […]

ААВМУ: На телевизиите за изборите лани, биле претставени 128 мажи наспроти шест жени кандидати за пратеници

25 март 2021

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одржа јавен состанок, кој поради состојбата со корона вирусот, се реализираше преку видео-конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. На состанокот беа презентирани и наодите од анализата на родовите прашања и […]

Пет кандидати почнуваат предизборна трка за избор на градоначалник на Штип

23 ноември 2020

Минатиов викенд почна предизборната кампања за предвремените локални избори за избор на градоначалник во Штип и во Пласница. Во Штип во саботата со кампања стартуваа СДСМ со кандидатот за градоначалник Сашко Николов, и ИНТЕГРА, кои го имаат Симон Поликарп – Џими за свој кандидат. Двајцата кандидати започнаа со претставување на јавни собири во центарот на […]

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

1 октомври 2020

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра […]

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

25 септември 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, […]

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

11 септември 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените – кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, […]

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

3 септември 2020

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на […]

ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата

5 август 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати […]

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

1 август 2020

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио […]

Страна 1 од 5