fbpx

Израел започна со евакуација на Рафах

Израелската војска им нареди на 100.000 жители во Рафах да се евакуираат, што укажува дека набргу следи копнена офанзива во градот, стратешки потег кој лидерите на САД, Велика Британија и други сојузници изјавија дека не би го поддржале

-

Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека започнале со евакуирање на 100.000 жители на Рафах, најјужниот град во Газа, каде повеќе од половина од населението на Газа е сместено, пренесува Гардијан.

Евакуацијата укажува дека контроверзната копнена офанзива во Рафах набргу ќе започне.

Во последните месеци, Израел цврсто стои зад ставот дека офанзивата во Рафах е потребна за да се постигнат стратешките цели на ИДФ во однос на елиминирање на Хамас. Премиерот Бенјамин Нетанјаху дури изјави дека израелската војска би ја извела офанзивата во Рафах со и без договор за примирје меѓу Израел и Хамас.

Од друга страна, светски лидери и функционери од земји сојузнички на Израел, вклучувајќи ги американскиот претседател Џо Бајден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот премиер Риши Сунак, гласно се спротивставени на офанзивата. Тие сметаат дека е недоволно јасно како би се заштитиле цивилите кои моментално се во Рафах.

Бегајќи од воздушното бомбардирање на Израел, 1,4 милион Палестинци моментално се во Рафах. Инаку, Рафах вообичаено има население од околу 150.000 жители.

Бегалците во Рафах, многу од кои неколкупати биле раселени во текот на последните шест месеци, живеат во тешки услови – во шатори во пренаселени кампови за бегалци, каде едвај има доволно храна и каде инфраструктурата за вода, хигиена, како и здравствените услуги, се речиси нефункционални.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) ја предупреди израелската војска да не започнат копнена офанзива во Рафах, бидејќи може да доведе само до повеќе смрт и мачење кај цивилното население. Сепак, УНРВА изјави оти ќе остане во Рафах колку што е можно подолго.

Претставник од Хамас изјави дека операцијата е „ескалација која ќе има последици“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...