fbpx

Русија ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарни оружја

Вежбата била наредба на рускиот претседател Владимир Путин, а министерството за одбрана изјави дека вежбата е одговор на неколку „заканувачки“ изјави од западни лидери

-

Руското министерство за одбрана најави дека ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.

„За време на вежбата ќе бидат спроведени активности со цел вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, стои во соопштението на министерството.

Министерството изјави дека вежбата била наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

Според министерство, целта на вежбата е да се зголеми способноста на руската на војска да го обезбеди „територијалниот интегритет и суверенитет на руската држава како одговор на провокативните изјави и закани на одредени западни функционери против Руската Федерација“.

Иако во соопштението не се прецизира кои се тие изјави и закани од западни лидери, најверојатно станува збор за изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неколкупати има изјавено дека е подготвен да прати француски војници да се борат во Украина – став од кој се оградија неколку европски лидери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...