fbpx

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

-

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително и за воената инвазија на Русија врз Украина и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува глумец во негово име, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека претседателот на САД, Џо Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо 2020 година и дека го заменува глумец на јавните настапи. Ова не е вистина.

Ова е глумец.

Бајден е екзекутиран 2020 во Гвантанамо, се вели во објавата што ја рецензираме.

Постот споделува и видео изјава на Бајден дадена при посетата на островот Порторико.

Видеото во објавата е изјава на американскиот претседател кој на 3 октомври годинава го посети островот Порторико, откако тој беше погоден од ураганот Фиона, со цел да изрази поддршка, велејќи дека тој е израснат во порториканската заедница на копното на САД во политички контекст.

Бајден ја испита штетата предизвикана од невремето, се состана со официјални лица и зборуваше во Понсе, каде вети идна поддршка од 60 милиони долари федерално финансирање, пренесе Фокс њуз.

Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето.

Овие тврдења не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот.

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително и за воената инвазија на Русија врз Украина и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник.

Поддржувачите на теоријата на заговор „Кју Анон“, на социјалните мрежи ширум светот (а како што се гледа од постот што го рецензираме и во Македонија), пласираат неверојатни и сосема непоткрепени тврдења и верувања, кои заеднички формираат сет на веќе масовно препознатливи карактеристики на Кју теоријата на заговор, достојни дури и за анализи во највлијателните светски медиуми.

Дијапазонот на лажни тврдења и неверојатни измислици кои ја следат Кју Анон теоријата на заговор е широк и многу често го вклучуваат претседателот на САД, Бајден. Неодамна тој падна од велосипед, а настанот беше искористен да се инсинуира дека не е тој вистинскиот Бајден туку дека има двојник поради тоа што рацете му изгледале „како на млад човек”.

Оние кои веруваат во теоријата на заговор Кју Анон, ја обожуваат и ја пласираат теоријата за дупликати на политичарите, особено затоа што ѝ припишуваат речиси неограничена моќ на „злобната ‘длабока’ држава“.

Тие веруваат дека особено моќна научно-фантастична технологија е способна речиси за сè, дури и да создаде клонови односно дупликати од разни политички фигури. Ова е особено пригодно за теоретичарите на заговори меѓу кои и на поддржувачите на Кју Анон теоријата на заговор, зошто им дозволува да тврдат дека луѓе како Џо Бајден, всушност, биле убиени и едноставно да тврдат дека лицето што се појавува во јавноста е глумец.

„Би-Би-Си“ пишува дека илјадници луѓе веруваат во оваа теорија на заговор и своите тврдења ги пласираат на социјалните мрежи уште од 2017 година, како и дека бројот на следбеници се зголемил за време на пандемијата со коронавирусот. Според „Би-Би-Си“, стотици илјади, ако не и милиони луѓе, веруваат во барем еден дел од бизарните теории на Кју Анон.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Бајден е егзекутиран во Гвантамо и дека на негово место има глумец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...