fbpx

Германците сè потешко доаѓаат до работа

Сè помали се шансите невработените да најдат нова работа

-

Бројот на невработени во Германија повторно се зголеми во јануари, на 2,8 милиони, објави Националната агенција за труд, пренесе германската агенција ДПА. Како што се наведува, скокот не е невообичаен за овој период од годината, но се појавува нов тренд – на луѓето им е сè потешко и потешко да најдат работа.

Стапката на невработеност се зголемила на 6,4 отсто.

„Вообичаениот раст на бројот на невработени околу крајот на годината, сега беше побавен. Побарувачката за работници исто така е константна. Пазарот на труд е стабилен и покрај постојаната слабост на економијата“, рече претседателката на Управниот одбор на агенцијата за труд, Андреа Налес.

Како што наведува ДПА, сè помали се шансите невработените да најдат нова работа. Според податоците на агенцијата за труд, во јануари низ Германија биле отворени 699.000 работни места, што е 66.000 помалку од минатата година.

„Сè уште е лоша состојбата на пазарот на труд за практиканти. 28.000 млади луѓе барале работа за практикантска работа во јануари, а уште 18.000 барале алтернатива што повеќе им одговара. Во исто време, неисполнети се 18.000 вакви работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...