Попис 2021: Во Македонија има 1.836.713 жители, од кои 526.502 лица живеат во Скопје

-

На Пописот што се спроведе минатата година се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население што живее во Македонија, додека 260.606 се нерезидентно население, изјави на денешната презентација на резултатите директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од нив, во македонскиот главен град Скопје живеат 526.502 лица, односно бројот на населението е зголемен за 3,9 отсто во споредба со 2002 година, додека домаќинства во Скопје има 171.171 и се за 16,8 отсто повеќе од 2002 година. Во однос на целата земја, бројот на домаќинства изнесува 598.632, додека просечниот број на членови на домаќинствата е 3,06.

Од вкупниот број на резидентното население, 925.626 лица се жени (50,4 отсто), додека 911.087 лица се мажи (49,6 отсто).

Според бројот на жители најмала е општината Зрновци со 2.086 жители, а најголема е општината Куманово со 98.104 жители. Густината на населеност во земјава изнесува 72.2 на км2.

Во земјава има 207 празни населени места, додека просечната возраст на населението изнесува 40.08 години.

Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години. Бројот на странци времено присутни во Република Северна Македонија во период помалку од 12 месеци, како дел од вкупното нерезидентно население, изнесува 1.674 лица.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...