fbpx

Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари, а само 762 зборуваат бугарски дома

-

Во Северна Македонија живеат вкупно 3.504 лица што се изјасниле како Бугари на пописот што се спроведе минатата година, а чии резултати беа соопштени денеска.

Бројката на оние што се изјасниле дека дома вообичаено зборуваат бугарски е 762 лица, односно четири и кусур пати помалку од бројката на Бугари. Оваа бројка е отприлика двојно помала од бројката на лица што се изјасниле дека мајчин јазик им е бугарскиот, односно такви се 1.519 лица што живеат во земјава.

Иако од денеска објавениот извештај не може да се види како е распоредено по општини населението што живее во земјава и се изјаснило со бугарска национална припадност, интересно е дека таа бројка од 3.504 Бугари е некаде за 60 отсто повисока од бројката на Хрвати што живеат во Северна Македонија.

Како Срби, пак, на минатогодишниот попис се изјасниле 23.847 лица што живеат во земјава, додека како Бошњаци – 16.042 лица.

Исто така, тие 3.504 попишани како Бугари сочинуваат 0,19 отсто од вкупното резидентно население на земјава. Поделено по пол, 2.121 од изјаснетите како Бугари се мажи, а 1.383 се жени.

Ваквите бројки за резидентното население во Северна Македонија е многу помала од некои бројки што се соопштуваат во Бугарија и од некои фактори во земјава за вкупниот број луѓе од Македонија што имаат бугарски пасоши, односно државјанства. Како заклучок на тоа, бројката на оние што добиле бугарски пасоши е десетици и десетици пати поголема од оние што на пописот се изјасниле како Бугари.

Во однос на бројките за бугарски пасоши издадени на жители на Македонија, според она што го изнесува бугарската новинска агенција БГнес на родениот во Скопје, Љубчо Нешков, само во 2020 година 9.000 Македонци добиле бугарски пасоши, во 2021 нивната бројка изнесувала 7.692, односно генерално земено во последните 15 години, 86.566 македонски државјани станале и бугарски државјани, што е повеќе од половина од сите припадници на други нации што примиле бугарско државјаноство во изминатите 15 години, односно вкупно 162.865 странци во последните 15 години добиле бугарско државјанство.

Инаку, внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е една од барањата на бугарската страна во преговорите за надминување на спорот поради кој Бугарија го блокира одредувањето датум за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...