fbpx
Таг: попис 2021

таг: попис 2021

Порталб: Резултатите од пописот во земјава се очекува да бидат објавени кон крајот на годинава

Конечниот резултат од пописот на населението се очекува да биде готов до крајот на годинава. Ова за Порталб.мк го изјави заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами. Тој рече дека иако законски имаат рок од шест месеци да ги објават резултатите, истите ќе бидат објавени пред овој рок, односно околу Нова година или најдоцна до крајот на јануари...

Пописот заврши, попишани 1.832.696 лица во земјава и 204.805 во дијаспората

Пописот на населението, домаќинствата и становите вчера вечер успешно заврши. Синоќа во 20 часот беа затворени апликациите за попис, по што директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски одржа прес-конференција, на која го соопшти сработеното. Во текот на 25 дена, во земјава биле попишани 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Воедно, преку апликацијата за самопопишување на дијаспората,...

Пописот завршува вечерва во 20 часот, до вчера попишани 1.813.153 лица

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека Пописот на население, домаќинства и станови 2021 завршува денеска во 20 часот. Оние што не се попишале, може да го сторат тоа во некој од пунктовите за попишување кои се отворени во општините. За подетални информации можат да се обратат во контакт центарот на следниве телефонски броеви: 070/335-406, 071/483-641, 071/483-293 и 075/402-335. Инаку, според...

Досега попишани 1.760.194 лица, ДЗС ќе каже дали требаат дополнителни денови за попишување

До вчера вечер во земјава биле попишани 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 станови. Во однос на дијаспората, до изутринава се самопопишале 201.247 наши иселеници, информираат од Државниот завод за статистика. Владините портпароли денеска апелираа до сите оние граѓани кои од кои било причини досега не успеале да остварат контакт со попишувачите, но и до оние граѓани кои во овие...

ДЗС: Попишани речиси 1,7 милиони лица во земјава и 200.000 од дијаспората

Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови, информираат од Државниот завод за статистика. Дополнително, преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, до утрово во 7:30 часот самопопишани биле 199.819 лица кои се наоѓаат во странство. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава е при самиот крај. Покрај денешниот ден,...

На четири дена до крајот на пописот, досега се попишани 1.619.857 лица

Пописот на населението, домаќинствата и домовите во земјава завршува на 30 септември, а на четири дена пред крајот на пописот се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинства и 711.695 станови, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Овие резултати се заклучно со вчерашниот ден до 20 часот. Пописот со несмалено темпо ќе продолжи и во текот на наредниве денови, а од ДЗС...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и законска обврска кон Пописот 2021

Премиерот Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување, информираат од Влада. Како што истакна тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар...

До 20 часот вчера попишани биле вкупно 1.460.552 лица, непопишаните треба да одат во Пописните комисии

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Денеска е 21. ден од Попис 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,...

Граѓаните кои попишувачот не ги нашол дома ќе можат да се попишат и во општините

Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите граѓани, кои по кој и да е основ да не успеале да остварат контакт со попишувачот досега, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина. За ова денеска информираа владиниот портпарол Муамет Хоџа и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Тие апелираа граѓаните да бидат трпеливи, посочувајќи...

Досега попишани 1.383.434 лица, од ДЗС велат дека граѓаните имаат право на увид во внесените податоци

Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови, информираат од Државниот завод за статистика. Заклучно со денешниот ден, преку апликацијата за самопопишување во странство се самопопишале 195.477 лица од дијаспората. До завршувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава останува уште една недела, односно истиот ќе заврши на 30...

Уште осум дена до крајот на пописот, од ДЗС се децидни дека никој нема пристап до личните податоци

Уште осум дена до крајот на пописот кој во земјава не е направен две децении. Од Државниот завод за статистика велеат дека попишувачите работат со максимален капацитет за никој да не биде изоставен и непопишан. Тие апелираат граѓаните да бидат трпеливи, но и да не примаат лажни попишувачи, односно да проверат дали се овластени од ДЗС. „Исто така, би сакале да...

До вчера попишани над 1,3 милиони лица во земјава

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Попишувачите заклучно со вчерашниот ден до 20 часот успеале да попишат 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови во земјава, информираат од Државниот завод за статистика. Пописот се одвива непречено низ целата земја. На домаќинствата кои не биле попишани во изминативе денови попишувачите им оставаат потсетник во нивните станови и куќи, како и на влезот во станбените објекти, контакт информации...

ДЗС: До вчера вечер попишани се 1.212.339 лица во земјава

Пописот во земјава продолжува да се спроведува со несмалено темпо и заклучно со вчерашниот ден до 20 часот биле попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови, информираат од Државниот завод за статистика. Преку апликацијата за самопопишување на лицата во странство, досега се самопопишани 193.982 лица од дијаспората, заклучно со денешниот ден во 7:30 часот. Пописот на населението, домаќинствата и становите...

ДЗС: До вчера вечер се попишани 1.132.484 лица во земјава

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека заклучно со вчерашниот ден до 20 часот во земјава биле попишани 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови. Преку апликацијата за самопопишување на лица во странство досега се самопопишале 193.742 лица од дијаспората. Инаку, пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30...

Трет ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски, во фокусот пожарот и одговорноста за тетовската ковид болница

Двајцата лидери на најголемите партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера вечер на телевизија Канал 5 се соочија во третиот по ред телевизиски дуел меѓу нив, на кој во фокусот беше темата за пожарот и одговорноста за тетовската ковид болница. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на дебатата повтори дека одговорноста кај владата е голема, но за...

ДЗС: Досега евидентирани 1.037.309 лица во земјава во рамки на пописот на населението

На 11 дена пред крајот на рокот за завршување на пописот, бројката на попишани лица во земјава се искачи над еден милион, соопшти Државниот завод за статистика. Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, биле попишани 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови ширум земјава. Бројот на самопопишани лица од дијаспората преку апликацијата за самопопишување изнесува 193.370. Пописот започна на 5.09,...

ДЗС: До вчера вечер попишани над 950.000 лица во земјава

Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови, информира Државниот завод за статистика (ДЗС). Попишувањето со несмален интензитет продолжува и во текот на денешниот ден, кога се очекува да биде надминатата бројката од милион попишани лица во земјава. Инаку, пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5...

ДЗС: До вчера до 20 часот на пописот се евидентирани 871.488 лица во земјава

Државниот завод за статистика информира дека до вчера (17.09.2021) до 20 часот, во државата се попишани 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови. Надвор од државата, пак, преку интернет досега самостојно се евидентирале 193.236 иселеници. При посетата на Комисиите на пописни реони Дебар, Маврово-Ростуша и Струга Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера посочи дека процесот на попишување...

На пописот до сега се евидентирани над 800.000 лица во земјава

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека заклучно со вчерашниот ден до 20 часот во земјава биле попишани 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови. Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, досега бил реализиран пописот на 193.168 лица во странство. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5 септември и е предвидено да трае до 30 септември. Доколку сакаат,...

ДЗС: Досега се попишани 711.418 граѓани во земјата и 193.054 од дијаспората

До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Истовремено, 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава почна на 5...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...