Според пописот 776 девојки на возраст од 15 до 19 години родиле по едно дете

Фото: Aditya Romansa - Unsplash

Според новиот сет податоци на Држанвиот завод за статистика (ДЗС) од ланскиот попис, во Република Северна Македонија во земјава има вкупно 775026 женско население.

Од нив 50630 се попишани во старосната група од 15 до 19 години. Податоците покажуваат дека меѓу жените, односно девојките од оваа старосна група има 766 кои родиле по едно дете, а 195 родиле две деца. По 3 деца родиле 29, а 10 и по 4 деца.

Во Скопје, каде има вкупно 224497 женско население од старосната група меѓу 15 и 19 години, по едно дете родиле 132, две деца родиле 43, 3 деца родиле 7, а 4 родиле 2.

Според статистиката на ДЗС нема млади мајки меѓу 15 и 19 кои родиле 5 и повеќе деца. Но, податоците според општините покажуваат дека најмногу мајки од оваа старосна група во главниот град има во општина Шуто Оризари каде 54 родиле по едно дете, 24 родиле две, 5 родиле по три деца, додека една родила едно дете.

Општина која предничи со најголем број на мајки кои родиле, а за време на пописот имале од 15 до 19 години е Струмица, каде дури 69 родиле по едно дете, а има 20 кои родиле по 2, четири кои родиле по три деца а една родила едно дете.

Според претходниот сет на податоци од ДЗС во земјава биле регистрирани дури 1.615 бракови на млади меѓу 15 и 19 години. Од вкупно 104.035 млади на возраст од 15 до 19 години, дури 1.355 девојчиња биле впишани како омажени, додека 260 момчиња од оваа возраст биле официјално стапени во брачна заедница.

Ланскиот попис откри 1.615 бракови на млади на возраст од 15 до 19 години во земјава