fbpx

Попис 2021: Речиси 37 отсто од становите во земјава се ненаселени [инфографик]

-

Според новите податоци од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика, речиси 37 отсто од изградените станови во Северна Македонија се ненаселени. На ниво на држава изградени се околу 840.000 станови, а од нив 307.000 се празни.

Споредено по број, најмногу ненаселени станови има во Скопје, речиси 60.000, што процентуално земено изнесува близу 28 отсто од вкупниот број на станови. Гледано по општини, најголем број на ненаселени станови има во Охрид, 17.800, што е повеќе од бројот на населени станови (15.840) во овој туристички центар. Слична е состојбата во Кичево, каде има скоро 13.000 ненаселени станови, а населени се 11.880.

Процентуално земено, најмногу ненаселени станови споредено со вкупниот број на станови има во општина Маврово и Ростуше, или 72 отсто. Потоа следува Дебрца со 71 отсто, Дојран со 68 отсто, Старо Нагоричане со 66 отсто. Целосните податоци за бројот на ненаселени станови може да се најдат на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...