fbpx

На првиот ден од пописот се попишале речиси 95.000 граѓани

-

На првиот ден од пописот, 5 септември 2021 година до 20 часот се опфатени 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, објави Државниот завод за статистика.

Ваквите бројки премиерот Зоран Заев ги оцени како исклучителе успех на стартот на пописот во земјав кој не е одржан две децении.

„Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20 години со апелот на сите политички субјекти, на сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол и заменикот директорот, пред сè, нашите граѓани во педесетина региони исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека е недела и дека е прв ден за попис. Сакам да им честитам на сите попишувачи, но најмногу на сите граѓани“, рече Заев.

Премиерот посочи дека прашалникот содржи прашања за статистички податоци, дека дури и за време на пандемија тоа е возможно да се спроведе затоа што физичките дистанци се одржуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...