fbpx
Таг: попис

таг: попис

Опозицијата бара пописот да биде усогласен со стандардите на ЕУ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска на прес-конференција во Собранието побара попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската унија. „Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. За жал...

Пробниот попис откри 1.400 празни станови, опозицијата се противи на предлог-законот за попис

Во текот на пробниот попис, кој се одржа минатиот месец, во 13 општини биле попишани 3.839 згради, 4.572 станови, 3.184 домаќинства и 10.267 лица. При попишувањето 1.400 станови биле пронајдени празни, додека 30 лица одбиле да бидат попишани. Ова се првични податоци од пробниот попис, кој се спроведе без да биде усвоен предлог-законот за попис на населението, чија што содржина...

Заев не прифаќа одложување на пописот за во 2021 година

Дефинитивно не прифаќам одложување на пописот за во 2021 година, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за најавените средби со опозицијата неделава на кои ќе се разговара за Законот за попис. Тој нагласи дека и кај нас ќе се применуваат, како и секаде во светот, стандардите на Статистичката служба на Европската унија „Евростат“. - Дефинитивно ќе...

Мицкоски не гледа потреба да присистува на лидерската средба во петок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за в петок во 14 часот. - Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара...

Пробниот попис завршува в недела, законот фаќа прашина во Собранието

ulica Makedonija Stara Zheleznichka stanica lugje toplo minuvachi
На 30 јуни треба да заврши пробниот попис во државата кој Државниот завод за статистика почна да го спроведува во 13 општини на 10 јуни годинава иако Законот за попис на населението, кој е со европско знаменце се уште не е усвоен во Собранието. Главна причина за одлагањето на собраниската дебата и усвојувањето на овој закон се несогласувањата меѓу власта...

„Вистиномер.мк“: Аргументите на Мицкоски за „погрешниот“ попис се спин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма од 10 јуни оваа гоидна изрече став, кој „Вистиномер.мк“ го оцени како извртена вистина, т.е. спин: - Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваме да ја протуркаме на брза трака во рамките на Собранието, се попишуваат сите оние кои имаат матичен број во Република...

Пописот од 1 до 21 април следната година ќе се врши со лаптопи

На денешната седница Владата го утврди и текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година и го испрати до Собранието. Новина кај овој попис што треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година е што ќе се користат лаптопи наместо хартиени обрасци, што, велат од Владата,...

Нема ниту еден коментар, а нацрт-законот за попис уште само денеска е на ЕНЕР

Уште само денеска јавноста може да даде предлози, сугестии или забелешки на нацрт-законот за попис на населението, кој во моментов е објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) пишува „Порталб.мк“. Иако имаше бројни реакции на овој нацрт-закон, сепак, иако поминаа 18 дена од почетокот на јавната дебата, никој нема поднесено забелешки до ЕНЕР, односно сè уште нема ниту еден коментар. -...

Иселениците ќе се самопопишуваат од 15 до 31 март 2020 година со посебна апликација

Пописот во Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година, а за лицата со македонско државјанство кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи самопопишување во периодот од 15 март до 31 март 2020 година на посебна апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, превидува предлог-законот за попис...

Пописот остава простор за прекршување на Охридскиот договор и Уставот

Доколку при пописот на населението во 2020 година не се земе во предвид етничката припадност на населението, се ризикува пописот да пропадне како оној во 2011 година, а се отвора можноста во отсуство на официјални бројки да се играат игри со непроверени бројки, а со тоа би се нарушил принципот на Охридскиот рамковен договор (ОРД) и на Уставот на...

Симовски: Етничката припадност во пописите беше користена само за политизација

Графата „етничка припадност“ и „религиска припадност“, беа предмет на политизација на претходните пописи, политизација која особено дојде до израз во 2011 година, што и беше основната причина за прекинување на пописот вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за „Порталб“. Тој потенцира дека пописот не е политичка операција, туку статистичка и негова основна цел е да...

Партиите бараат во пописот да се вклучи етничката припадност

Предлогот на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во пописот од 2020 година да нема изјаснување за верската и етничката припадност на населението предизвика негативни реакции, главно кај албанските партии, со оглед на тоа дека Република Македонија е мултиетничката држава, но и непостоење на регистрација, известува „Порталб.мк“. ДУИ: Формиравме партиска комисија со луѓе со искуство и знаење во...

Евростат: Македонија има 2.075.300 жители

Статистичката канцеларија на ЕУ, Евростат, соопшти дека според нејзиното истражување, Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители, наспроти 2.073.700 во истиот период лани. Македонија не спровела попис на населението од 2001 година, а директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски неодамна најави дека новиот попис на населението ќе се спроведе за две години, односно во 2020 година од...

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април во 2020 година. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај користење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра. Ова го наведе директорот на Државниот завод за статистика...

Манчевски: Електронскиот регистар на население нема да го замени пописот

Електронскиот регистар за население треба да биде чекор кон дигитализација на услугите за граѓаните и воопшто не е предвиден да го замени пописот на население, кој ќе го спроведува Државниот завод за статистика, нагласи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прва јавна дебата за Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување...

Груевски: Можеби следната истрага на СЈО ќе биде затоа што некаде сум ручал, па сум платил

Првата отворена истрага е за попис и нема да ме изненади ако следната отворена истрага биде затоа што некаде сум ручал, па сме станале на сред ручек и сме му направиле штета на Буџетот со тоа што сме го платиле целото јадење, вели Никола Груевски, коментирајќи го отворањето на три нови случаи на Специјалното јавно обвинителство денеска, од кои...

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и СЈО политички конструираат случаи без основа

Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство се претворија во карикатура, заради понизноста во извршувањето на политичките нарачки, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СЈО, на која беа објавени три нови истраги - за поништувањето на пописот во 2011 година, за две дела за Антонио Милошоски и за договорот за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица со грчката фирма...

Ременски: Почнати се подготoвки за попис на населението

Според мои информации, во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. -Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права, кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – рече таа на дебатата на која се разговараше за Законот за...

МИОА следната година ќе ја реформира администрацијата преку електронски проекти

Очекувам новата стратегија за реформа на јавната администрација да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, рече министерот Дамјан Манчевски на денешната презентација на буџетот за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Тој  вели дека реформата на администрацијата следната година ќе се насочи главно кон дигитализацијата на администрацијата, преку неколку проекти, на кои ќе...

Во Австралија живеат 98.441 Македонец

Бројот на Македонците во Австралија во последните пет години се зголемил за околу 5.000 лица, покажуваат најновите статистички податоци на австралиското Биро за статистика. Според денеска објавените податоци од минатогодишниот попис во Австралија, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, додека според претходниот попис, спроведен во 2011 година, така се изјасниле 93.570 лица. Сепак, според овие податоци, намален е бројот на Македонците...

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...