Симовски: Етничката припадност во пописите беше користена само за политизација

-

Графата „етничка припадност“ и „религиска припадност“, беа предмет на политизација на претходните пописи, политизација која особено дојде до израз во 2011 година, што и беше основната причина за прекинување на пописот вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за „Порталб“.

Тој потенцира дека пописот не е политичка операција, туку статистичка и негова основна цел е да овозможи податоци врз основа на кои ќе се градат и спроведуваат политики на развој (економски, социјални, социолошки, демографски, градежни и т.н.), како на централно, така и на локално ниво. Податоците од пописот, покрај тоа се користат и за научни цели.

– Оттука, белезите за етничка и религиозна припадност, немаат никаква употребна вредност за горе наведените цели на податоците од пописот. Напротив, тие постојано биле користени исклучиво за дневно-политички цели. Ние сме потполно свесни дека во нашето општество, поставувањето на ваков предлог не може лесно да се прифати од целосно исполитизираната јавност, па затоа тргнавме во кампања да ја објасниме причината зошто даваме ваков предлог. На крајот, јавноста е таа која ќе одлучи дали овие белези ќе останат или ќе бидат тргнати од пописот – вели Симовски.

Од ДЗС велат дека се подготвени на дебата за оваа тема и дека подготвуваат и брифинг со пратеничките групи во Парламентот.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...